• Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
ATИНА ЗА 8ми МАРТ, ГРЦИЈА
✕
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
071 331 380
tasimtravelagency@gmail.com
Актуелни Понуди
ТАСИМ Травел
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Актуелни Понуди
✕
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
декември 20, 2024
Categories
  • Актуелни патувања
Tags
  • 2025
  • 8-mi Mart
  • tasim travel

ATИНА ЗА 8ми МАРТ, ГРЦИЈА

06.03-09.03.2025

Цена: 169 евра

Промо цена до Jan. 15, 2025 135 ЕУР / Лице

Пријатен и удобен транспорт.

 Професионална и културна придружба во секој момент.

 Одлична понуда, која не се пропушта.

Резервирај на 071 331 380
ATИНА ЗА 8ми МАРТ, ГРЦИЈА

⭐ Програма

ПРВ ДЕН – четврток (06.03) СКОПЈЕ –АТИНА
Состанок на групата кај хотел Континентал во 17.00 часот. Поаѓање за Атина во 17.30 часот, преку граничен премин Евзони. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
ВТОР ДЕН – петок (07.03)
Пристигнување во Атина во утринските часови. Панорамски разглед на градот со локален водич, разгледување на најпознатите плоштади Омонија, Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол (факултативно). Влезница за посета ова најзначајно здание во Атина е 20евра и е по желба. Се плаќа на лице место.
ЗОШТО АКРОПОЛ?
Кога ќе се спомене стара Грција, веднаш ве асоцира на Атина, на Акрополот со неговите познати храмови, на совршениот склад на убавината и беспрекорноста, на “симбол на вистинскиот хуманизам“, на центарот на класичниот свет. Според преданијата, Athena и Poseidon некогаш се спореле околу превласта над градот Атина. Poseidon ја докажувал својата сила удирајќи со својот тризабец по карпата Акропол, а веднаш после тоа од истото место започнало да извира вода. Божицата Athena, после тоа, на голата карпа засадила маслиново дрво кое веднаш почнало да цвета. Poseidon, признал дека бил победен, а светото маслиново дрво на божицата Athena го бранела Акрополот од сите надворешни напади. Врз основа на докази, утврдено е дека жолто-сината карпа од вар, која се издигнувала 156 метри над морето, а 80 метри над Атина била наречена Акрополис – овој назив значи “Горен град“ и многу често бил користен за ископувања и за истражување на стара Грција – уште од неолитско време, пред 4000 години, се смета дека бил создаден. Првата утврдена палата, била изградена во времето на микенската цивилизација. Остатоците на ѕидините од тоа време, околу 1200 години пред нашата ера, останале зачувани. Грците во шестиот век пред нашата ера, меѓу останатото, изградиле и еден храм посветен на божицата Athena, монументална влезна врата и светилиште на богот Nike. На сите овие градби, не им било судено да опстанат долго време. Персијците во периодот од 480-479 година, ги срамниле со земја. Temistokle и Kimon наредиле да се израмнат само рововите и повторно да се изградат. Како материјал ги користеле остатоците од старите храмови. Подоцна ископувањето овозможило да се здобијат со драгоцени податоци за изгледот на првите грчки градби на Акропол. Меѓу останатото, биле пронајдени склуптури од старите храмови обоени во јаки бои. Војсководецот и диктаторот Perikles, од 461 година пред нашата ера, владеел со Атина и наредил на ридот Акропол да се изградат градбите на чии што остатоци и ден денешен се воодушевуваме. Во 448 година, била основана комисија на градители, меѓу кои биле истаканати вајари – меѓу нив и Fidij – архитекти и сликари. Сојузната благајна била против повторното градење, бидејќи биле потребни огромни количини на парични средства за реализација на овој проект. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН сабота (08.03)
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез (факултативно). Одиме во посета на Коринтскиот канал, познатиот канал кој го дели полуостровот Пелопонез од грчкото копно, односно ги поврзува Саронскиот со Коринтскиот Залив во Егејското Море, со само 21,3 метри во ширина и е еден од најтесните поморски канали во светот, кој претставува вистинска туристичка атракција во светски рамки. Коринтскиот Канал е долг 6,4 км, висок 63 м, но поради неговата „кнап“ ширина им претставувал ноќна мора на многу капетани на бродови кои морале да минуваат низ него. Името го добил по блискиот град Коринт кој се наоѓа во западниот краен дел на каналот. Следува посета на најакустичниот амфитеатар од Античка Грција – Епидаурус. Грчкиот географ Паусанија, од вториот век н.е., напишал дека во Епидаурус‚ се наоѓа најзначајниот театар на античкиот свет. Иако римските театри се повеличествени и поимпозантни, ниеден архитект не може да се натпреварува со убавината и складноста на театарот во Епидаурус, кој бил откриен од страна на љубопитен грчки археолог во 19 век и започнале ископувања. По шест години напорна работа, ископувањата изнеле на виделина еден импозантен, речиси неоштетен театар. Според археолозите, овој театар го изградил некаде околу 330 пр.н.е. Поликлет Помладиот, прочуен вајар и архитект од блискиот град Аргос. Современиот архитект Манос Перакис го одразува општото гледиште на истражувачите кога го нарекува Епидаурус „најпрочуен и најзачуван грчки театар“. Откривањето на театарот во Епидаурус е важно и за археологијата и за архитектурата. Додека повеќето од преостанатите антички театри претрпеле делумно уништување или биле реконструирани, театарот во Епидаурус останал неоштетен низ вековите затоа што бил на сигурно, покриен со повеќе од 6 метри земја. Театарот во Епидаурус е прочуен по својата извонредна акустика. „И најмалиот звук — длабок здив или кинење хартија — може јасно да се чуе дури до последниот ред седишта“, вели професорот по археологија С. Е. Е. Јаковидис. Кога го посетуваат овој театар, многу туристи сакаат да застанат на средината на оркестарот и да рецитираат поеми, да пеат песни или да им шепотат на своите пријатели кои седат во највисоките редови. Тие се импресионирани од извонредниот начин на кој звукот се пренесува до секој ќош од овој голем аудиториум. За ваквата добра акустика е заслужен амфитеатарскиот, полукружен облик на театарот во Епидаурус. ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦАТА ВО ТЕАТАРОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНА ВО ПАКЕТОТ И Е ПО ЖЕЛБА – 12 евра по лице По овој неверојатен театар, следува посета на уште поневеројатен град, гратчето Нафплион – Првата престолнина на Грција. Се наоѓа во периферијата Пелопонез. Градот Нафплион е значаен во историјата на современа Грција како нејзина прва престолнина во периодот од 1829 до 1834 година, за подоцна градот Атина да ја превземе оваа улога. Градот е сместен на мал полуостров на врвот на Арголискиот залив. Денес, овој шармантен град претставува важен туристички центар во Грција, кој привлекува голем број на туристи поради прекрасната архитектура, малите тесни сокачиња. Слободно време за прошетка или кафе. Денот го завршуваме со посета на Микена- Античкиот град на Кралот Агамемнон и гробницата на Агамемнон. Позната како дом на легендарниот крал Агамемнон кој Грците ги повел во Тројанската војна. Кралскиот гроб кој го има откриено Шлиман успеал да зачува големи богатства, меѓу кои најзначајното е позната златна посмртна маска. Овој антички град не без причина се нарекува лулка на Грција. Тој е максимално исполнет со духот на античките херои кои извршиле подвизи во име на боговите на Олимп, како и невиден луксуз, на кој би можеле да позавидат сите царства на светот. ЦЕНАТА НА ВЛЕЗНИЦАТА ЗА МИКЕНА ЧИНИ 12 ЕВРА ПО ЛИЦЕ (не е задолжителен влез) Во вечерните часови предлагаме прошетка на Монастираки, Плака или најпознатата улица Ерму, популарна за шопинг. Ноќевање.
ЧЕТВРТ ДЕН недела (09.03)
По појадокот се одјавуваме од хотелот и одиме на прекрасен излет со посета на пристанишното место Пиреја и нејзините марини. Патувањето продолжува долж Аполоновиот брег до Сунион – најјужниот ‘рт на Медитеранот од каде се наоѓа Храмот на богот Посејдон, како и омилена точка за дочекување на зајдисонцето на атињаните. На околу еден час возење од Атина, со филмски сцени, се стигнува до Сунион. Иако неговата позната статуа е одамна е безбедно затворена во Националниот археолошки музеј во Атина, големиот Посејдон не бара бронзен реквизит за да се осети неговото присуство. ВЛЕЗНИЦАТА ЗА ХРАМОТ НА ПОСЕЈДОН Е 10 евра. По посетата, патувањето продолжува кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузи. Пристигнување во раните утрински часови 10.03 НАПОМЕНА: За сингл соба се доплатуваат 65 евра дополнително од аранжманот Попусти за деца: Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител) Деца од 3 до 10 години плаќаат 95 евра Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

✅ Во цената е вклучено

  • Автобуски превоз на наведената релација
  • 2 ноќевања во хотел 3* со појадок
  • Панорамски разглед на Атина
  • Организација на аранжманот и пратител на групата

❌ Во цената не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување 250 денари по лице
  • Задолжителна доплата за туристичка такса 3 евра по лице од ноќ

 

✨ Факултативни прошетки

  • Влезница во Акропол – Пантеон – 25€ – не е задолжително
  • Посета на Пелопонез – Коринтскиот канал, театарот Епидаурус (влезница за театарот 12евра, по желба), градот Нафплион, Микена (влезница за театарот 12евра, по желба) – посета заедно со водич – 45€
  • Посета на Пирејa и Сунион со храмот на Посејдон – 20€ (влезница за храмот на Посејдон е 10€, по желба)
  • Влезници за локалитетите и други факултативни посети

ПАКЕТ со сите излети во вредност од 65 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 60 евра (плаќање во автобус)

Резервирај веднаш на
071 331 380

Услови за патување со ТАСИМ ТРАВЕЛ

Сместување
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу оргнизаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена Тасим Травел не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.

Распределба на соби во хотелот врши исклучливо рецепцијата по пристигањето во хотелот. Агенцијата не може да влијае на спратот,позицијата на собата или големината на креветите,освен во случај кога се однапред дефенирани/објавени,или има доплата за истите.

Помошни кревети за деца иили 3то и 4то возрасно лице се често со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет(најчесто кога децата имаат бесплатно сместување),и во истите децата го делат лежајот со возрансите патници.

Едно хотелско ноќевање како и услугите кои истото ги вклучува се смета од времето на пријавување на собите на денот на важноста на аражманот (најчесто 14:00 часот), до времето пропишано за одјавување на собите наредниот ден (12:00 часот или порано), без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот,првиот ден пред времето на пријавување/последниот ден по времето на одјавување (согласно правилата на хотелот) се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот.

Задолжително Осигурување
За патување надвор од државата потребно е задолжително патничко здраствено осигурување кое може да се купи во агенцијата или дирекно од осигурителна компанија. Со потпис на овој договор, со целосна одговорност потврдувам дека сите патници од пријавата за аражман се запознаени со оваа одредба и имаат обезбедено соодветна полиса за патничко осигурување за време на патувањето.

Општите услови за патување
Општите Услоги за Патување на Тасим Компанија ДООЕЛ Оризари се составен дел на договорот. Со потпис на овој договор-пријава за аражманот потврдувам дека сум запознаен со договорот и општите услоги на патувањето и во целост ги опфаќам. За овој договор може да важат дополнителните(различни) услови за отказ или промена на аражманот.

Патни Исправи
Според законските одредби на МНР, ве известуваме дека За патување надвор Македонија потребен е пасош со минимум 6 месеци валидност од датумот на враќањето. Странките се должни да ја проверат валидноста на нивните патни исправи како и да се информираат околу пасошко-царинските и визни регулации во државата во која се патува или низ која се поминува. Агенцијата не е одговорна за евентуални несакани последици поврзани со патните исправи.

Валидност
Овој договор стапува во сила со добивање на потврда за резервација од страна на давателот на услугата или со извршена уплата од страна на клиентот. Доколку е генериран електронски и е валиден без печат.


ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Право на корисникот да се откаже од патувањето
Корисникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба задолжително да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци како надомест во определен процент)

•за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 40%
•за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
•за отказ од 9 до 6 дена пред патувањето 90%
•за отказ од 5 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето 100%.

По исклучок на горенаведената скала, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци за патување во следниве случаи: За резервации на автобуски билети важат условите, правилата и прописите на превозникот како и домашните/меѓународните правила за транспорт за типот на превозот.

Право на организаторот да го откаже договорот
Во случај кога организаторот на патувањето ја откаже туристичката екскурзија од било која причина, освен поради грешка на корисникот пред договорената дата на тргнување, корисникот на услугите има право: - да ја смени екскурзијата со друга која му одговара или друга слична екскурзија од повисок квалитет таму каде што туристичката агенција може да му понуди како замена. Ако туристичката екскурзија на замената е од понизок квалитет, организаторот ќе му ја врати разликата во цената на корисникот или - да му се врати целата сума која ја платил по договорот, во рок кој не може да биде подолг од 15 дена од денот на откажувањето на договорот, освен кога откажувањето е резултат на виша сила и вонредни околности.

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ

Oбврски и одговорност на организаторот
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор. Организаторот не одговара за штета која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, кои не можел да ги предвиди или избегне, исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила и вонредни околности, акти и дејствија на државни органи како и од доцнење на превозните средства (Организаторот на патувањето не прифаќа било каква одговорност за сѐ што е поврзано со издавање на виза и забрана за влез и патување, вклучувајќи ги и сите ситуации поврзани со изгубен, неисправен патен документ, изминат рок или недоволен период на важност за влез во земјата во која се патува Организаторот не одговара за било каква штета која патникот самиот ќе ја причини или лично ќе ја претрпи во државите кои се посетуваат. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубените предмети или драгоцености за време на патувањето или престојот.

* Во сите гореспоменати случаи организаторот ќе обезбеди соодветна помош на засегнатиот корисник, но, и ќе ги наплати од него сите трошоци кои ќе произлезат од тоа.

ОБВРСКИ И ОДГОВОНОСТ НА КОРИСНИКОТ
Корисникот е должен на организаторот на патувањето да му ја плати договорената цена за патувањето во времето како што е договорено, односно вообичаено. Корисникот е должен навремено да ги достави сите точни податоци потребни за организирање на патувањето. Корисникот е должен да се грижи тој лично, неговите лични исправи и неговиот багаж да ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, санитарните, монетарните и други административни прописи. Корисникот е должен да ги чува и лично одговара за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето. Корисникот е обврзан да се придржува кон превозните средства. Корисниците кои го нарушуваат редот во објектите односно превозните средства можат да бидат отстранети, без право да бараат
надомест на штета од страна на организаторот. Корисникот одговара за штетата што ќе му ја причини на организаторот на патувањето со неизвршување на обврските што произлегуваат за него од договорот и законските прописи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ

Превоз со автобус
Превозот со автобус, како и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси според прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник ангажиран од организаторот на патувањето.

*Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, техничко расипување на возилото или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Корисникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Исклучок може да бидат одредени автобуски патувања, регулирани на начин во кој патникот може да резервира одредено седиште, доколку при резервација во агенцијата доплати одредена сума определена по програма (освен за првиот ред, кој е најчесто резервиран за персоналот на агенцијата или превозникот).

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци на патникот, кои тој доброволно ги дава корисникот, се деловна тајна на Организаторот. Корисникот се согласува дека Организаторот може да користи личните податоци на Патникот за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби.

ТДПТУ ТАСИМ-КОМПАНИЈА ДООЕЛ
ул. Христијан Карпош, бб. Оризари, Кочани

Работно време:
Понеделник - Сабота
10:00 - 19:30

Мени
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Аранжмани
  • Дестинации
  • Египет
  • За Нас
  • Контакт
  • Страницата не постои
  • Тунис
  • Тунис
Контакт
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1

Туристичка Агенција ТАСИМ ТРАВЕЛ
Сите права се задржани © 2023 

Побарај понуда