• Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
БАРСЕЛОНА ВО МАЈ, ШПАНИЈА
✕
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
071 331 380
tasimtravelagency@gmail.com
Актуелни Понуди
ТАСИМ Травел
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Актуелни Понуди
✕
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
февруари 13, 2025
Categories
  • Uncategorized
Tags
  • 2025
  • barselona
  • maj
  • spanija

БАРСЕЛОНА ВО МАЈ, ШПАНИЈА

10.05-13.05.2025

499 ЕУР

Пријатен и удобен транспорт.

 Професионална и културна придружба во секој момент.

 Одлична понуда, која не се пропушта.
*Пријавување и уплати за факултативните излети – во агенција. Минимум број на патници за реализација на факултативните излети е 15.

Резервирај на 071 331 380
DABMisc_033.jpg

⭐ Програма

Прв ден -10.05 (сабота) СКОПЈЕ-БАРСЕЛОНА
Состанок на групата во 17:00ч на скопскиот аеродром. Лет за Барселова во 18:50ч, предвидено време за слетување во 21:40ч. Трансфер до хотел. Ноќевање.
Втор ден 11.05. (недела) КОЛУМБО, МОНЖУИК, ШПАНСКО СЕЛО
Појадок. Поаѓање на панорамски разглед на градот со автобус со локален водич (српски јазик)…споменикот на Колумбо, Монжуик (опсерваторија), обиколка на Олимпискиот стадион, Шпанското село, Волшебните фонтани, продолжување до Шпанскиот плоштад, Gran Via, Paseo De Grazia, поминување покрај куќите на Гауди – Battlo и La Pedrera и прошетка околу Sagrada Familia (без влез). Враќање во хотел. Слободно време за слободни активности. Ноќевање.
Трет ден 12.05 (понеделник) ЖИРОНА И ФИГУЕРАС
Појадок. Слободен ден за индивидуално разгледување и шопинг. Можност за организирање на факултативна екскурзија – полудневен излет за Жирона и Фигуерас со обиколка на музејот Салвадор Дали. Поаѓање за Жирона, град кој се наоѓа во близина на границата со Франција. Посебен шарм на овој град му даваат ѕидините кои биле создадени како дел од одбраната на Еродро, кои датираат од римскиот период. Кулите се претворени во видиковец со прекрасен поглед на околината. Разглед на градот: прошетка низ центарот на стариот град, разглед на еврејскиот кварт, готската катедрала…слободно време. Патувањето продолжува до Фигуерас..посета на музејот на Салвадор Дали, кој е единствен во светот по својот необичен амбиент и фасцинантните експонати. Музејот е сместен во семејна куќа, а музејската поставка ја поставил самиот Дали. Враќање во Барцелона во доцните часови. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Ноќевање.
Четврт ден 13.05 (вторник) БАРСЕЛОНА
Појадок и одјавување од хотел. Можност за организирање на факултативна екскурзија (т.н. „Трите Паркови“) – Ciutadella, Tibidabo и Pueblo Español (Шпанско село), Ciutadella е поранешна тврдина и денес најубав парк во градот. Прошетка покрај Зоолошката градина во Барселона, Парламентот на Владата на Каталонија, романтичното езеро и централната фонтана, која е дело на каталонски архитекти, меѓу кои и Антоние Гауди. Потоа заминување до видиковецот Тибидабо, од каде можете да уживате во прекрасен поглед на Барселона. Панорамска обиколка на неоготската црква Sagrat Cor. По турнејата, патување до етнo – селото Пуебло Еспањол, кое е создадено во 30-тите години на 20. век како дел од проектот кој требаше да ја покаже различноста на шпанската селска архитектура. Слободно време. Лет за Македонија 22:15ч предвидено време за слетување во 01:00ч по полноќ.

✅ Во цената е вклучено

-Авионски билет Скопје-БАРСЕЛОНА-Скопје

-Организиран трансфер Барселона аеродром-хотел-Барселона аеродром

- Рачен багаж (1 торба или куфер со димензии 40х30х20 см.)

-Сместување во хотел 3 ноќевањса на база со појадок

-Разглед на Барселона со водич

-Пратител за целото патување

❌ Во цената не е вклучено

-Факултативна посета - Жирона и Фигуерас - 80еур

-Факултативна посета- трите парка - 60еур

-Факултативна посета- Фламенко (по договор)- 55еур

-Патничко осигурување- 250ден. ( за сите денови)

-Туристичка такса 3еур (по ден од лице)

-Индивидуални трошоци

✨ Факултативни прошетки

*Пријавување и уплати за факултативните излети – во агенција. Минимум број на патници за реализација на факултативните излети е 15.

 

ВАЖНО : Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници и се организирани од локална агенција.Странскиот партнер ја сноси целата одговорност за спроведување на факултативните излети.

НАПОМЕНА : Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето. Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата, не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно назначено. За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 3 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи. За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

 

 

Резервирај веднаш на
071 331 380

Услови за патување со ТАСИМ ТРАВЕЛ

Сместување
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу оргнизаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена Тасим Травел не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.

Распределба на соби во хотелот врши исклучливо рецепцијата по пристигањето во хотелот. Агенцијата не може да влијае на спратот,позицијата на собата или големината на креветите,освен во случај кога се однапред дефенирани/објавени,или има доплата за истите.

Помошни кревети за деца иили 3то и 4то возрасно лице се често со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет(најчесто кога децата имаат бесплатно сместување),и во истите децата го делат лежајот со возрансите патници.

Едно хотелско ноќевање како и услугите кои истото ги вклучува се смета од времето на пријавување на собите на денот на важноста на аражманот (најчесто 14:00 часот), до времето пропишано за одјавување на собите наредниот ден (12:00 часот или порано), без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот,првиот ден пред времето на пријавување/последниот ден по времето на одјавување (согласно правилата на хотелот) се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот.

Задолжително Осигурување
За патување надвор од државата потребно е задолжително патничко здраствено осигурување кое може да се купи во агенцијата или дирекно од осигурителна компанија. Со потпис на овој договор, со целосна одговорност потврдувам дека сите патници од пријавата за аражман се запознаени со оваа одредба и имаат обезбедено соодветна полиса за патничко осигурување за време на патувањето.

Општите услови за патување
Општите Услоги за Патување на Тасим Компанија ДООЕЛ Оризари се составен дел на договорот. Со потпис на овој договор-пријава за аражманот потврдувам дека сум запознаен со договорот и општите услоги на патувањето и во целост ги опфаќам. За овој договор може да важат дополнителните(различни) услови за отказ или промена на аражманот.

Патни Исправи
Според законските одредби на МНР, ве известуваме дека За патување надвор Македонија потребен е пасош со минимум 6 месеци валидност од датумот на враќањето. Странките се должни да ја проверат валидноста на нивните патни исправи како и да се информираат околу пасошко-царинските и визни регулации во државата во која се патува или низ која се поминува. Агенцијата не е одговорна за евентуални несакани последици поврзани со патните исправи.

Валидност
Овој договор стапува во сила со добивање на потврда за резервација од страна на давателот на услугата или со извршена уплата од страна на клиентот. Доколку е генериран електронски и е валиден без печат.


ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Право на корисникот да се откаже од патувањето
Корисникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба задолжително да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци како надомест во определен процент)

•за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 40%
•за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
•за отказ од 9 до 6 дена пред патувањето 90%
•за отказ од 5 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето 100%.

По исклучок на горенаведената скала, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци за патување во следниве случаи: За резервации на автобуски билети важат условите, правилата и прописите на превозникот како и домашните/меѓународните правила за транспорт за типот на превозот.

Право на организаторот да го откаже договорот
Во случај кога организаторот на патувањето ја откаже туристичката екскурзија од било која причина, освен поради грешка на корисникот пред договорената дата на тргнување, корисникот на услугите има право: - да ја смени екскурзијата со друга која му одговара или друга слична екскурзија од повисок квалитет таму каде што туристичката агенција може да му понуди како замена. Ако туристичката екскурзија на замената е од понизок квалитет, организаторот ќе му ја врати разликата во цената на корисникот или - да му се врати целата сума која ја платил по договорот, во рок кој не може да биде подолг од 15 дена од денот на откажувањето на договорот, освен кога откажувањето е резултат на виша сила и вонредни околности.

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ

Oбврски и одговорност на организаторот
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор. Организаторот не одговара за штета која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, кои не можел да ги предвиди или избегне, исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила и вонредни околности, акти и дејствија на државни органи како и од доцнење на превозните средства (Организаторот на патувањето не прифаќа било каква одговорност за сѐ што е поврзано со издавање на виза и забрана за влез и патување, вклучувајќи ги и сите ситуации поврзани со изгубен, неисправен патен документ, изминат рок или недоволен период на важност за влез во земјата во која се патува Организаторот не одговара за било каква штета која патникот самиот ќе ја причини или лично ќе ја претрпи во државите кои се посетуваат. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубените предмети или драгоцености за време на патувањето или престојот.

* Во сите гореспоменати случаи организаторот ќе обезбеди соодветна помош на засегнатиот корисник, но, и ќе ги наплати од него сите трошоци кои ќе произлезат од тоа.

ОБВРСКИ И ОДГОВОНОСТ НА КОРИСНИКОТ
Корисникот е должен на организаторот на патувањето да му ја плати договорената цена за патувањето во времето како што е договорено, односно вообичаено. Корисникот е должен навремено да ги достави сите точни податоци потребни за организирање на патувањето. Корисникот е должен да се грижи тој лично, неговите лични исправи и неговиот багаж да ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, санитарните, монетарните и други административни прописи. Корисникот е должен да ги чува и лично одговара за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето. Корисникот е обврзан да се придржува кон превозните средства. Корисниците кои го нарушуваат редот во објектите односно превозните средства можат да бидат отстранети, без право да бараат
надомест на штета од страна на организаторот. Корисникот одговара за штетата што ќе му ја причини на организаторот на патувањето со неизвршување на обврските што произлегуваат за него од договорот и законските прописи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ

Превоз со автобус
Превозот со автобус, како и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси според прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник ангажиран од организаторот на патувањето.

*Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, техничко расипување на возилото или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Корисникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Исклучок може да бидат одредени автобуски патувања, регулирани на начин во кој патникот може да резервира одредено седиште, доколку при резервација во агенцијата доплати одредена сума определена по програма (освен за првиот ред, кој е најчесто резервиран за персоналот на агенцијата или превозникот).

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци на патникот, кои тој доброволно ги дава корисникот, се деловна тајна на Организаторот. Корисникот се согласува дека Организаторот може да користи личните податоци на Патникот за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби.

ТДПТУ ТАСИМ-КОМПАНИЈА ДООЕЛ
ул. Христијан Карпош, бб. Оризари, Кочани

Работно време:
Понеделник - Сабота
10:00 - 19:30

Мени
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Аранжмани
  • Дестинации
  • Египет
  • За Нас
  • Контакт
  • Страницата не постои
  • Тунис
  • Тунис
Контакт
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1

Туристичка Агенција ТАСИМ ТРАВЕЛ
Сите права се задржани © 2023 

Побарај понуда