• Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
Белград – Нова 2025 Година
✕
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
071 331 380
tasimtravelagency@gmail.com
Актуелни Понуди
ТАСИМ Травел
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Актуелни Понуди
✕
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
декември 20, 2024
Categories
  • Актуелни патувања
  • БЕЛГРАД
Tags
  • 2025
  • NOVA GODINA
  • tasim travel

Нова 2025 Година - БЕЛГРАД со Нови Сад ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА НА БРОД

30.12-02.01.2025

РЕДОВНА ЦЕНА: 169 еур / 10.478,00 мкд

Оваа нова година, ТАСИМ ТРАВЕЛ повторно Ве води во градот кој никогаш не спие - БЕЛГРАД. Посетете го градот каде што се сретнаа Дунав и Сава, посетете ја црквата Свети Сава - најголемата православа црква на Балканот, тврдината Калемегдан како еден од најшармантните паркови во светот, Белград Waterfront, прошетајте по најпознатата улица Кнез Михајлова .....
Дочекајте ја Новата година со крстарење по Сава и Дунав...
Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа - Магистратот

Резервирај на 071 331 380
srpska_nova_godina
464292326_960338519471543_7881371995450994899_n

⭐ Програма

1.Ден 30.12.2024 (Понеделник)
Состанок со групата кај Судот во Кочани , Во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2.Ден 31.12.2024 (Вторник)
Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав... Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз за патниците кои што се имаат пријавено за новогодишен дочек на брод. За останатите патници индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани.Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3.Ден 01.01.2025 (Среда)
Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад - центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за постновогодишни прошетки или забави. Ноќевање.
4.Ден 02.01.2024 (Четврток)
Појадок. Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме кон пристаништето каде што има можност за факултативно крстарење со брод по Дунав или слободно време за прошетка покрај кејот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

⭐Опис на сместувањето:Хотел Srbija е прекрасен хотел кој се наоѓа на само 3 километри од центарот на градот. Хотелот располага со еднокреветни, двокреветни и трикреветни соби. Комплетно е реновиран во 2005 година и Ви овозможува чувство на удобност и комфорт. Има панорамски ресторан со капацитет од 380 места се наоѓа на 17 спрат од хотелот од кој има прекрасен поглед на цел град и претставува совршено место за почеток на денот со појадок и кафе од прекрасната шведска маса која што ја нуди.

✅ Во цената е вклучено

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во хотел Србија 3* во Белград

❌ Во цената не е вклучено

  • Патничко осигурување 200 мкд
  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад – 20 евра по лице - пријавување во агенција, плаќање во автобус.
  • Kрстарење со брод по Дунав 1 час –15 евра по лице - пријавување во агенција, плаќање во автобус
  • Новогодишен дочек на брод – 85 по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус
  • Влезници во културно/историски споменици

НАПОМЕНА!!!

  • ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ИЗБОР НА МИНИМУМ 1 ФАКУЛТАТИВА!
    За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
  • Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
  • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
  • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 1,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител - немаат седиште во автобус)
  • Дете од 2 - 4,99 години 50% од сумата. (спијат во кревет со родител - имаат седиште во автобус)
  • Дете од 6 години 100% од сумата. (сопствено легло - имаат седиште во автобус)
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
Резервирај веднаш на
071 331 380

Услови за патување со ТАСИМ ТРАВЕЛ

Сместување
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу оргнизаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена Тасим Травел не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.

Распределба на соби во хотелот врши исклучливо рецепцијата по пристигањето во хотелот. Агенцијата не може да влијае на спратот,позицијата на собата или големината на креветите,освен во случај кога се однапред дефенирани/објавени,или има доплата за истите.

Помошни кревети за деца иили 3то и 4то возрасно лице се често со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет(најчесто кога децата имаат бесплатно сместување),и во истите децата го делат лежајот со возрансите патници.

Едно хотелско ноќевање како и услугите кои истото ги вклучува се смета од времето на пријавување на собите на денот на важноста на аражманот (најчесто 14:00 часот), до времето пропишано за одјавување на собите наредниот ден (12:00 часот или порано), без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот,првиот ден пред времето на пријавување/последниот ден по времето на одјавување (согласно правилата на хотелот) се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот.

Задолжително Осигурување
За патување надвор од државата потребно е задолжително патничко здраствено осигурување кое може да се купи во агенцијата или дирекно од осигурителна компанија. Со потпис на овој договор, со целосна одговорност потврдувам дека сите патници од пријавата за аражман се запознаени со оваа одредба и имаат обезбедено соодветна полиса за патничко осигурување за време на патувањето.

Општите услови за патување
Општите Услоги за Патување на Тасим Компанија ДООЕЛ Оризари се составен дел на договорот. Со потпис на овој договор-пријава за аражманот потврдувам дека сум запознаен со договорот и општите услоги на патувањето и во целост ги опфаќам. За овој договор може да важат дополнителните(различни) услови за отказ или промена на аражманот.

Патни Исправи
Според законските одредби на МНР, ве известуваме дека За патување надвор Македонија потребен е пасош со минимум 6 месеци валидност од датумот на враќањето. Странките се должни да ја проверат валидноста на нивните патни исправи како и да се информираат околу пасошко-царинските и визни регулации во државата во која се патува или низ која се поминува. Агенцијата не е одговорна за евентуални несакани последици поврзани со патните исправи.

Валидност
Овој договор стапува во сила со добивање на потврда за резервација од страна на давателот на услугата или со извршена уплата од страна на клиентот. Доколку е генериран електронски и е валиден без печат.


ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Право на корисникот да се откаже од патувањето
Корисникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба задолжително да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци како надомест во определен процент)

•за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 40%
•за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
•за отказ од 9 до 6 дена пред патувањето 90%
•за отказ од 5 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето 100%.

По исклучок на горенаведената скала, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци за патување во следниве случаи: За резервации на автобуски билети важат условите, правилата и прописите на превозникот како и домашните/меѓународните правила за транспорт за типот на превозот.

Право на организаторот да го откаже договорот
Во случај кога организаторот на патувањето ја откаже туристичката екскурзија од било која причина, освен поради грешка на корисникот пред договорената дата на тргнување, корисникот на услугите има право: - да ја смени екскурзијата со друга која му одговара или друга слична екскурзија од повисок квалитет таму каде што туристичката агенција може да му понуди како замена. Ако туристичката екскурзија на замената е од понизок квалитет, организаторот ќе му ја врати разликата во цената на корисникот или - да му се врати целата сума која ја платил по договорот, во рок кој не може да биде подолг од 15 дена од денот на откажувањето на договорот, освен кога откажувањето е резултат на виша сила и вонредни околности.

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ

Oбврски и одговорност на организаторот
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор. Организаторот не одговара за штета која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, кои не можел да ги предвиди или избегне, исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила и вонредни околности, акти и дејствија на државни органи како и од доцнење на превозните средства (Организаторот на патувањето не прифаќа било каква одговорност за сѐ што е поврзано со издавање на виза и забрана за влез и патување, вклучувајќи ги и сите ситуации поврзани со изгубен, неисправен патен документ, изминат рок или недоволен период на важност за влез во земјата во која се патува Организаторот не одговара за било каква штета која патникот самиот ќе ја причини или лично ќе ја претрпи во државите кои се посетуваат. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубените предмети или драгоцености за време на патувањето или престојот.

* Во сите гореспоменати случаи организаторот ќе обезбеди соодветна помош на засегнатиот корисник, но, и ќе ги наплати од него сите трошоци кои ќе произлезат од тоа.

ОБВРСКИ И ОДГОВОНОСТ НА КОРИСНИКОТ
Корисникот е должен на организаторот на патувањето да му ја плати договорената цена за патувањето во времето како што е договорено, односно вообичаено. Корисникот е должен навремено да ги достави сите точни податоци потребни за организирање на патувањето. Корисникот е должен да се грижи тој лично, неговите лични исправи и неговиот багаж да ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, санитарните, монетарните и други административни прописи. Корисникот е должен да ги чува и лично одговара за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето. Корисникот е обврзан да се придржува кон превозните средства. Корисниците кои го нарушуваат редот во објектите односно превозните средства можат да бидат отстранети, без право да бараат
надомест на штета од страна на организаторот. Корисникот одговара за штетата што ќе му ја причини на организаторот на патувањето со неизвршување на обврските што произлегуваат за него од договорот и законските прописи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ

Превоз со автобус
Превозот со автобус, како и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси според прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник ангажиран од организаторот на патувањето.

*Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, техничко расипување на возилото или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Корисникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Исклучок може да бидат одредени автобуски патувања, регулирани на начин во кој патникот може да резервира одредено седиште, доколку при резервација во агенцијата доплати одредена сума определена по програма (освен за првиот ред, кој е најчесто резервиран за персоналот на агенцијата или превозникот).

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци на патникот, кои тој доброволно ги дава корисникот, се деловна тајна на Организаторот. Корисникот се согласува дека Организаторот може да користи личните податоци на Патникот за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби.

ТДПТУ ТАСИМ-КОМПАНИЈА ДООЕЛ
ул. Христијан Карпош, бб. Оризари, Кочани

Работно време:
Понеделник - Сабота
10:00 - 19:30

Мени
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Аранжмани
  • Дестинации
  • Египет
  • За Нас
  • Контакт
  • Страницата не постои
  • Тунис
  • Тунис
Контакт
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1

Туристичка Агенција ТАСИМ ТРАВЕЛ
Сите права се задржани © 2023 

Побарај понуда