• Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
ЕДРЕНЕ – 8МИ МАРТ
✕
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
071 331 380
tasimtravelagency@gmail.com
Актуелни Понуди
ТАСИМ Травел
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Актуелни Понуди
✕
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
декември 27, 2024
Categories
  • Актуелни патувања
Tags
  • 2025
  • 8-mi Mart
  • EDRENE
  • tasim travel

ЕДРЕНЕ – 8МИ МАРТ

Термин: 07.03 – 09.03.2025

Цена: 79e/ 4900денари

🇹🇷 🧿 ЕДРЕНЕ е пограничен град на 18 км. од границата помеѓу Бугарија и Турција. Со многу интересна историја, различна култура ,многу вкусни специјалитети и најевтин ШОПИНГ.
Градот е многу интересен за истражување со своите затворени чаршии, прекрасните џамии, со фонтани од конзерви во центарот и прекрасните добро сочувани дрвени куќи со посебна декорација, со своите големи паркови и мостови ги импресионира сите што го посетуваат овој град.
Резервирај на 071 331 380
0a788473fe0e3d43112a0d5b10b5f032
228ff249b2dc20280c6b3f357fee1c55

⭐ Програма

1 ден 07.03 (петок)
Тргнување во вечерните часови од пред агенцијата (организиран трансфер Скопје, Велес, Штип, Кочани, Виница, Каменица и Делчево ). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Преминување на граничниот премин Андреево-Капи Куле.
2 ден 08.03(сабота): ЕДРЕНЕ
Пристигнување во Едрене во утринските часови. Можност да прошетаме во центарот на градот.. Посета на симболот на градот Едрене – џамијата Селимије, изградена е по наредба на султанот Селим Втори помеѓу 1569 и 1575 година и претставува вистинско архитектонско ремек-дело. Секое од нејзините 4 минариња, високи над 70 метри, открива неверојатен поглед на градот, што ќе остави траен спомен на вашето патување до Едрене. Се разбира, за да го видите, мора да се качите по скалите до врвот, но вреди да се вложи напор. Погледот околу џамијата не е помалку импресивен.Во непосредна близина на џамијата се наоѓа и покриениот пазар познат како „малата Капала Чаршија“ каде ќе имате слободно време за шопинг. Од подножјето на џамијата Селимије започнува лавиринт од мали улици кои водат кон главната улица во Едрене, Сарацлар Јадеси. Тука ќе најдете многу шарени и живописни продавници за секаков вид стока, како и многу слаткарници и кафулиња. Ако сакате да јадете некои традиционални турски колачи, одете во слаткарницата Мадо на врвот на главната улица. Тука има бесконечна разновидност на пецива – ве советувам да пробате кунефе, што е еден вид сирупски десерт од кадаиф и урда. Бадемовата паста е исто така нешто по што е познат градот Едрене. Направен е од горчлив бадем и има многу специфичен вкус. Друго специфично јадење од Едрене што треба да го пробате е Порција со црн дроб – ова е пржен црн дроб, исечен на тенки парчиња и се служи со немилосрдна лута пиперка 🙂 Сместување во хотелот. Слободно време за истражување на градот( Предлог: посета на на најновиот трговски центар во градот ERASTA Shopping Centre) Ноќевање.
3 ден 09.03 (недела): ЕДРЕНЕ -ДЕЛЧЕВО-КАМЕНИЦА-ВИНИЦА-КОЧАНИ- ШТИП-ВЕЛЕС-СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот. Се уптуваме кон православната бугарската црква „Св. Свети Константин и Елена “, која со својата прекрасна градина е омилено место на туристите кои го посетуваат Едрене. Храмот е изграден во 1869 година и се наоѓа во близина на местото каде реката Тунџа се влева во реката Марица. Посета на Македонската кула, позната и како Саат-кула, која е дел од старите тврдини на ѕидините на Адријанопол. Меѓутоа, во 1884 година на неа била изградена дрвена саат-кула, која изгорела и била обновена од камења и цигли во 1894 година.Посета на Margi Outlet во кој има продавници со многу квалитетна облека по многу ниски цени…. и Синиот пазар кој се наоѓа во непосредна близина на аутлетот..Потоа се упатуваме кон складовите за детергенти, козметика, маслинки, баклава, сирење по најниски цени во Турција. Тргнување од Едрене околу 16 часот. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови
Ден 4: Враќање кон Кочани
Во 10:00 часот се одјавуваме од хотелот. Попатна пауза во Софија (Бугарија). Пристигнуваме во Кочани во доцните вечерни часови.

✅ Во цената е вклучено

🔸1 ноќeвање со појадок вo хотел во Едрене
🔸Превоз со високо туристички автобус
🔸Посета на центарот на градот Едрене
🔸Посета на црквата Свети Константин и Елена
🔸Посета на џамијата Селимије, симболот на градот
🔸Посета на синиот пазар,Margi Outlet
🔸Посета на складовите за детергенти, козметика, маслинки, баклава, сирење по најниски цени

🔸Придружник од агенцијата

❌ Во цената не е вклучено

– Патничко осигурување 270 денари (задолжително)

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.

НАПОМЕНИ:

За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

Т.А. Тасим Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.

Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 7 дена пред патувањето.

Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.

За секое лице потребен е поединечен пасош со минимум важност 6 месеци од денот на враќање.

Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.

Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројот на пријавени патници.

Резервирај веднаш на
071 331 380

Услови за патување со ТАСИМ ТРАВЕЛ

Сместување
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу оргнизаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена Тасим Травел не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.

Распределба на соби во хотелот врши исклучливо рецепцијата по пристигањето во хотелот. Агенцијата не може да влијае на спратот,позицијата на собата или големината на креветите,освен во случај кога се однапред дефенирани/објавени,или има доплата за истите.

Помошни кревети за деца иили 3то и 4то возрасно лице се често со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет(најчесто кога децата имаат бесплатно сместување),и во истите децата го делат лежајот со возрансите патници.

Едно хотелско ноќевање како и услугите кои истото ги вклучува се смета од времето на пријавување на собите на денот на важноста на аражманот (најчесто 14:00 часот), до времето пропишано за одјавување на собите наредниот ден (12:00 часот или порано), без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот,првиот ден пред времето на пријавување/последниот ден по времето на одјавување (согласно правилата на хотелот) се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот.

Задолжително Осигурување
За патување надвор од државата потребно е задолжително патничко здраствено осигурување кое може да се купи во агенцијата или дирекно од осигурителна компанија. Со потпис на овој договор, со целосна одговорност потврдувам дека сите патници од пријавата за аражман се запознаени со оваа одредба и имаат обезбедено соодветна полиса за патничко осигурување за време на патувањето.

Општите услови за патување
Општите Услоги за Патување на Тасим Компанија ДООЕЛ Оризари се составен дел на договорот. Со потпис на овој договор-пријава за аражманот потврдувам дека сум запознаен со договорот и општите услоги на патувањето и во целост ги опфаќам. За овој договор може да важат дополнителните(различни) услови за отказ или промена на аражманот.

Патни Исправи
Според законските одредби на МНР, ве известуваме дека За патување надвор Македонија потребен е пасош со минимум 6 месеци валидност од датумот на враќањето. Странките се должни да ја проверат валидноста на нивните патни исправи како и да се информираат околу пасошко-царинските и визни регулации во државата во која се патува или низ која се поминува. Агенцијата не е одговорна за евентуални несакани последици поврзани со патните исправи.

Валидност
Овој договор стапува во сила со добивање на потврда за резервација од страна на давателот на услугата или со извршена уплата од страна на клиентот. Доколку е генериран електронски и е валиден без печат.


ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Право на корисникот да се откаже од патувањето
Корисникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба задолжително да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци како надомест во определен процент)

•за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 40%
•за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
•за отказ од 9 до 6 дена пред патувањето 90%
•за отказ од 5 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето 100%.

По исклучок на горенаведената скала, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци за патување во следниве случаи: За резервации на автобуски билети важат условите, правилата и прописите на превозникот како и домашните/меѓународните правила за транспорт за типот на превозот.

Право на организаторот да го откаже договорот
Во случај кога организаторот на патувањето ја откаже туристичката екскурзија од било која причина, освен поради грешка на корисникот пред договорената дата на тргнување, корисникот на услугите има право: - да ја смени екскурзијата со друга која му одговара или друга слична екскурзија од повисок квалитет таму каде што туристичката агенција може да му понуди како замена. Ако туристичката екскурзија на замената е од понизок квалитет, организаторот ќе му ја врати разликата во цената на корисникот или - да му се врати целата сума која ја платил по договорот, во рок кој не може да биде подолг од 15 дена од денот на откажувањето на договорот, освен кога откажувањето е резултат на виша сила и вонредни околности.

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ

Oбврски и одговорност на организаторот
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор. Организаторот не одговара за штета која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, кои не можел да ги предвиди или избегне, исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила и вонредни околности, акти и дејствија на државни органи како и од доцнење на превозните средства (Организаторот на патувањето не прифаќа било каква одговорност за сѐ што е поврзано со издавање на виза и забрана за влез и патување, вклучувајќи ги и сите ситуации поврзани со изгубен, неисправен патен документ, изминат рок или недоволен период на важност за влез во земјата во која се патува Организаторот не одговара за било каква штета која патникот самиот ќе ја причини или лично ќе ја претрпи во државите кои се посетуваат. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубените предмети или драгоцености за време на патувањето или престојот.

* Во сите гореспоменати случаи организаторот ќе обезбеди соодветна помош на засегнатиот корисник, но, и ќе ги наплати од него сите трошоци кои ќе произлезат од тоа.

ОБВРСКИ И ОДГОВОНОСТ НА КОРИСНИКОТ
Корисникот е должен на организаторот на патувањето да му ја плати договорената цена за патувањето во времето како што е договорено, односно вообичаено. Корисникот е должен навремено да ги достави сите точни податоци потребни за организирање на патувањето. Корисникот е должен да се грижи тој лично, неговите лични исправи и неговиот багаж да ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, санитарните, монетарните и други административни прописи. Корисникот е должен да ги чува и лично одговара за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето. Корисникот е обврзан да се придржува кон превозните средства. Корисниците кои го нарушуваат редот во објектите односно превозните средства можат да бидат отстранети, без право да бараат
надомест на штета од страна на организаторот. Корисникот одговара за штетата што ќе му ја причини на организаторот на патувањето со неизвршување на обврските што произлегуваат за него од договорот и законските прописи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ

Превоз со автобус
Превозот со автобус, како и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси според прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник ангажиран од организаторот на патувањето.

*Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, техничко расипување на возилото или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Корисникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Исклучок може да бидат одредени автобуски патувања, регулирани на начин во кој патникот може да резервира одредено седиште, доколку при резервација во агенцијата доплати одредена сума определена по програма (освен за првиот ред, кој е најчесто резервиран за персоналот на агенцијата или превозникот).

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци на патникот, кои тој доброволно ги дава корисникот, се деловна тајна на Организаторот. Корисникот се согласува дека Организаторот може да користи личните податоци на Патникот за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби.

ТДПТУ ТАСИМ-КОМПАНИЈА ДООЕЛ
ул. Христијан Карпош, бб. Оризари, Кочани

Работно време:
Понеделник - Сабота
10:00 - 19:30

Мени
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Аранжмани
  • Дестинации
  • Египет
  • За Нас
  • Контакт
  • Страницата не постои
  • Тунис
  • Тунис
Контакт
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1

Туристичка Агенција ТАСИМ ТРАВЕЛ
Сите права се задржани © 2023 

Побарај понуда