• Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
ЕРУСАЛИМ ВО АПРИЛ, ТЕЛ АВИВ
✕
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
071 331 380
tasimtravelagency@gmail.com
Актуелни Понуди
ТАСИМ Травел
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Актуелни Понуди
✕
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
февруари 13, 2025
Categories
  • Актуелни патувања
Tags
  • 2025
  • April
  • Erusalim
  • tasim travel
  • Tel Aviv

ЕРУСАЛИМ ВО АПРИЛ, ТЕЛ АВИВ

23.04.-28.04.2025

949 ЕУР / Лице

Пријатен и удобен транспорт.

 Професионална и културна придружба во секој момент.

 Одлична понуда, која не се пропушта.

Резервирај на 071 331 380
viber_image_2025-02-13_15-48-56-234

⭐ Програма

1 Ден : СКОПЈЕ – СОФИЈА 23.04.2025 (среда)
Состанок на групата пред хотел Холидеј Ин во Скопје во 22.00 часот. Трансфер до аеродромот во Софија.
2 Ден : СОФИЈА – ТЕЛ АВИВ – СВ. ЃЕОРЃИЈ, ЛИДА - ВИТЛЕЕМ – ЦРКВА СВ. НИКОЛА – ЈУДЕЈСКА ПУСТИНА – МАНАСТИР СВ. ТЕОДОСИЈ ВЕЛИКИ – МАНАСТИР СВ. САВА ОСВЕШТЕН – ПОЛЕ НА ПАСТИРИТЕ – ЦРКВА РОЖДЕВСТВО ХРИСТОВО 24.04.2025
Пристигнување на аеродромот во Софија. Лет за Тел Авив рано наутро во 05. 55 часот по локално време. Пристигнување на авионот во Тел Авив во 08. 25 часот по локално време. По пристигнувањето и по царинско-пасошките формалности се упатуваме на паркингот каде што ќе не чека превозникот кој што ќе биде со нас сите денови. Се упатуваме кон црквата посветена на Светиот Великомаченик Ѓеорѓиј во Лида. Потоа се упатуваме кон Витлеемската област во посета на цркви и манастири. Прво место кое што ќе го посетиме е манастирот Св. Никола во Бет Џала. Во овој манастир се чуваат мошти од овој голем светител а во криптата на манастирот се наоѓа пештера во која се подвизувал. Потоа се упатуваме кон Јудејската пустина, каде што најпрво ќе го посетиме манстирот Св. Теодосиј Велики, кој е подигнат на местото каде што мудреците одмориле кога се враќале, откако се поклониле на Богомладенецот Христос. Потоа ќе ја посетиме Великата Лавра Св. Сава Освештен, еден од најзначајните манастири во христијанскиот свет од 5 век. Во овој манастир престојувал и Св. Сава Српски за време на неговата посета во Светата Земја. Овој манастир се наоѓа во срцето на Јудејската пустина и претставува вистинска духовна оаза низ која тече потокот Кедрон. Во манастирот е дозволено да влезат само мажи, додека жените, на тремот кој е пред манастирот ќе имаат прилика да се поклонат на светите мошти кои се изнесуваат од манастирот и ќе слушаат за неговата историјa. Потоа се упатуваме кон полето на пастирите, каде Ангел Господов им ја јавил радосната вест на пастирите дека се родил Богомладенецот Христос. На крајот се упатуваме во црквата на Рождевство Христово, каде што во пештерата се поклонуваме и го бакнуваме местото на раѓање на Господ Исус Христос, како и местото каде што Пресвета Богородица го положила во јасли Богомладенецот. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање
3 ДЕН: ЦРКВА РОЖДЕВСТВО ХРИСТОВО – РУСКИ ГОРНЕНСКИ МАНАСТИР – СТАРИОТ ГРАД ЕРУСАЛИМ – СТРАДАЛЕН ПАТ (VIA DOLOROSA) – ЦРКВА НА ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО 25.04.2025
Литургија во црквата на Рождевство Христово. Појадок. Потоа се упатуваме во рускиот горненски манастир во Еин Карем, родното место на Св. Јован Крстител, како и во манастирот посветен на Чесниот Крст, кој е изграден на местото каде Аврамовиот син Лот го посадил дрвото на Покајанието од кое дрво покасно неколку века римјаните ќе го направат Крстот на кој е распнат Господ Исус Христос. Го посетуваме седиштето на Руската Православна мисија во Светата земја манастирот на Вознесението Христово. Во склоп на овој манастир се наоѓа параклисот на Отсекување на главата на Св. Јован Крстител кој е подигнат на местото каде што е пронајдена неговата главата. Се упатуваме кон Маслиновата Гора. Го посетуваме местото и стапалката од каде се вознел Господ Исус Христос на небото. Можност за прекрасен поглед и фотографирање. Разгледот го продолжуваме со црквата Оче Наш, која е напишана на многу светски јазици. Потоа го посетуваме прекрасниот руски манастир посветен на Марија Магдалена, каде се чуваат светите мошти на руската кнегиња Елисавета Федоровна. Се упатуваме во црквата на Св. архиѓакон Стефан изградена на местото на неговото страдање. Попатно ја посетуваме Гетсиманската градина каде што Господ Исус Христос се молел со најтешката молитва и каде што е фатен. Потоа се упатуваме кон црквата на Успение на Пресвета Богородица. Во оваа црква се наоѓа гробот на Пресвета Богородица и чудотворната икона Богодорица (Ерусалимска), како и кивот со моштите на Светиот Јоаким и Праведниот Јосиф. Потоа преку капијата влегуваме во Ерусалим и во посета на црквата која е изградена на местото каде што се родила Пресвета Богородица и местото на кое се верува дека се упокоиле Јоаким и Ана. Потоа го посетуваме Православното светилиште каде што се наоѓа Христовиот затвор. Продолжуваме со одење по страдалниот пат по којшто одел Господ Исус Христос кон Голгота носејќи го својот крст. Овој пат има околу 1 000 чекори и 9 места на застанување кои се на отворено, додека другите 5 се внатре во црквата на Христовото Воскресение. Влегуваме во црквата на Воскресението Христово и веднаш доаѓаме до плочата на миропомазанието на која светите Јосиф и Никодим го положиле безживотното тело на Господ Исус Христос и го помазале со свето миро. И ден денес од оваа плоча излегува свето миро. Ги посетуваме параклисите на Трновиот венец на местото каде што е бичуван Христос и Адамовиот гроб кој се наоѓа веднаш под Голгота. Следно место за посета е параклисот Калвари или Голгота и таму се наоѓа точното место каде е забоден крстот. Таму ја бакнуваме 12 краката звезда, место на кое Господ Исус Христос е симнат од крстот. Го посетуваме параклисот на царица Елена, мајката на Светиот цар Константин, подигната на местото кадешто царица Елена во 4 век го пронашла Чесниот Крст. Ги посетуваме параклисите на Св. Лонгин Стотникот, Марија Магдалена и главната црква или Каталикон (центар на светот). Во средиштето на црквата Христово Воскресение се наоѓа Христовиот гроб или Кувуклија.
4 ДЕН: ВИТАНИЈА – ГРОБОТ НА ЧЕТИРИДНЕВНИОТ ЛАЗАР – МАНАСТИР СВ. МАРТА И МАРИЈА –МАНАСТИР СВ. ЃЕОРЃИЈ ХОЗЕВИТ - ЈЕРИХОН - МАНАСТИР НА ИСКУШЕНИЈАТА – МАНАСТИР СВ. ПРОРОК ЈЕЛИСЕЈ – РЕКА ЈОРДАН - МАНАСТИР СВ. ГЕРАСИМ ЈОРДАНСКИ – МРТВО МОРЕ 26.04.2025
Појадок. Потоа се упатуваме кон Витанија, во посета на гробот на четиридневниот Лазар, којшто беше воскреснат од Господ Исус Христос и манастирот посветен на Св. Марта и Марија, сестрите на Лазар. Потоа се упатуваме кон Јерихон, најстариот град во светот кој се наоѓа на палестинска територија и се наоѓа на 258м надморска височина под морското ниво и е најнискиот град во светот. Разгледот го продолжуваме со пешашење, се упатуваме кон манастирот на Четириесетницата (Искушението), каде Господ Исус Христос веднаш по крштевањето, 40 дена се подвизувал на ова место и бил три пати искушуван. Најсвето место во овој манастир е каменот на којшто стоел Господ Исус Христос додека ѓаволот го искушувал. Продолжувамe со посета на манастирот на Св. Пророк Јелисеј, каде што се наоѓа Закхејевото дрво, на кое се качил овој покајан цариник за да го види Господ Исус Христос. На крајот од денот го посетуваме манастирот на Св. Герасим Јордански, кој се наоѓа на Јорданската обала. Овде се наоѓа пештерата во која, Пресвета Богородица, Јосиф и Богомладенецот ја поминале ноќта додека бегале за Египет. Тука се наоѓа една од најубавите икони на Богородица Млекопитателница. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.
5 ДЕН: ГАЛИЛЕЈА – МАНАСТИР СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ТАВОР) – НАЗАРЕТ –МАНАСТИР БЛАГОВЕШТЕНИЕ – КАНА ГАЛИЛЕЈСКА – МАНАСТИР НА 12 АПОСТОЛИ 27.04.2025
Појадок. Се упатуваме кон Галилејската област. Најпрво ќе ја посетиме гората Тавор и манастирот посветен на Преображението Христово. Овде Господ Исус Христос се преобразил пред своите тројца апостоли: Петар, Јован и Јаков. По посетата на гората Тавор се упатуваме во Христовиот град Назарет, во манастирот на Св. Архангел Гаврил (Благовештение) каде што и се јавил на Марија дека ќе го роди Спасителот на светот и местото на бунарот каде што се случило тоа. Од Назарет се упатуваме во Кана Галилејска, за да ја посетиме црквата на Св. великомаченик Ѓеоргиј, подигната на местото на првото Христово чудо (претварањето на водата во вино на свадбата на Симон Зилот), каде што ќе ги видеме оригиналните садови. Ја посетуваме прекрасната црква на 12те Апостоли на галилејското крајбрежје. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
6 ДЕН: ЕРУСАЛИМ 28.04.2025
Појадок. Oдјавување од хотел. Трансфер од хотел до аердором. Лет за Софија во 09:20ч, пристигнување во предвидено локално време 12:05ч. Трансфер до Македонија.

✅ Во цената е вклучено

-Повратен авионски билет СОФИЈА – ТЕЛ АВИВ- СОФИЈА,

-Аеродромски такси

-Превоз од Скопје до аеродромот во Софија и обратно аеродром Софија до Скопје.

-Сместување во Хотели со 3* на база полу пансион (појадок и вечера) - 4 ноќевања.

-Сите трансфери према програмата во модерен туристички автобус.

-Сите влезници за местата кои се посетуваат согласно програмата.

-Водич  на групата за време на целиот престој во Израел.

-Техничко водство / Пратител на групата.

-За целото патување ќе бидеме придружувани од свештено лице.

-Туристичка такса

❌ Во цената не е вклучено

-Влезници на одредени места од 1 или 2 долари (индивидуално)

-Комбе до манастир Св. Сава Освештен 5 долари (индивидуално)

-Посета на Мртвото море со ручек 60 долари

-Грамота 25 долари

-Патничко осигурување-300ден.

Резервирај веднаш на
071 331 380

Услови за патување со ТАСИМ ТРАВЕЛ

Сместување
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу оргнизаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена Тасим Травел не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.

Распределба на соби во хотелот врши исклучливо рецепцијата по пристигањето во хотелот. Агенцијата не може да влијае на спратот,позицијата на собата или големината на креветите,освен во случај кога се однапред дефенирани/објавени,или има доплата за истите.

Помошни кревети за деца иили 3то и 4то возрасно лице се често со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет(најчесто кога децата имаат бесплатно сместување),и во истите децата го делат лежајот со возрансите патници.

Едно хотелско ноќевање како и услугите кои истото ги вклучува се смета од времето на пријавување на собите на денот на важноста на аражманот (најчесто 14:00 часот), до времето пропишано за одјавување на собите наредниот ден (12:00 часот или порано), без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот,првиот ден пред времето на пријавување/последниот ден по времето на одјавување (согласно правилата на хотелот) се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот.

Задолжително Осигурување
За патување надвор од државата потребно е задолжително патничко здраствено осигурување кое може да се купи во агенцијата или дирекно од осигурителна компанија. Со потпис на овој договор, со целосна одговорност потврдувам дека сите патници од пријавата за аражман се запознаени со оваа одредба и имаат обезбедено соодветна полиса за патничко осигурување за време на патувањето.

Општите услови за патување
Општите Услоги за Патување на Тасим Компанија ДООЕЛ Оризари се составен дел на договорот. Со потпис на овој договор-пријава за аражманот потврдувам дека сум запознаен со договорот и општите услоги на патувањето и во целост ги опфаќам. За овој договор може да важат дополнителните(различни) услови за отказ или промена на аражманот.

Патни Исправи
Според законските одредби на МНР, ве известуваме дека За патување надвор Македонија потребен е пасош со минимум 6 месеци валидност од датумот на враќањето. Странките се должни да ја проверат валидноста на нивните патни исправи како и да се информираат околу пасошко-царинските и визни регулации во државата во која се патува или низ која се поминува. Агенцијата не е одговорна за евентуални несакани последици поврзани со патните исправи.

Валидност
Овој договор стапува во сила со добивање на потврда за резервација од страна на давателот на услугата или со извршена уплата од страна на клиентот. Доколку е генериран електронски и е валиден без печат.


ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Право на корисникот да се откаже од патувањето
Корисникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба задолжително да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци како надомест во определен процент)

•за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 40%
•за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
•за отказ од 9 до 6 дена пред патувањето 90%
•за отказ од 5 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето 100%.

По исклучок на горенаведената скала, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци за патување во следниве случаи: За резервации на автобуски билети важат условите, правилата и прописите на превозникот како и домашните/меѓународните правила за транспорт за типот на превозот.

Право на организаторот да го откаже договорот
Во случај кога организаторот на патувањето ја откаже туристичката екскурзија од било која причина, освен поради грешка на корисникот пред договорената дата на тргнување, корисникот на услугите има право: - да ја смени екскурзијата со друга која му одговара или друга слична екскурзија од повисок квалитет таму каде што туристичката агенција може да му понуди како замена. Ако туристичката екскурзија на замената е од понизок квалитет, организаторот ќе му ја врати разликата во цената на корисникот или - да му се врати целата сума која ја платил по договорот, во рок кој не може да биде подолг од 15 дена од денот на откажувањето на договорот, освен кога откажувањето е резултат на виша сила и вонредни околности.

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ

Oбврски и одговорност на организаторот
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор. Организаторот не одговара за штета која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, кои не можел да ги предвиди или избегне, исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила и вонредни околности, акти и дејствија на државни органи како и од доцнење на превозните средства (Организаторот на патувањето не прифаќа било каква одговорност за сѐ што е поврзано со издавање на виза и забрана за влез и патување, вклучувајќи ги и сите ситуации поврзани со изгубен, неисправен патен документ, изминат рок или недоволен период на важност за влез во земјата во која се патува Организаторот не одговара за било каква штета која патникот самиот ќе ја причини или лично ќе ја претрпи во државите кои се посетуваат. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубените предмети или драгоцености за време на патувањето или престојот.

* Во сите гореспоменати случаи организаторот ќе обезбеди соодветна помош на засегнатиот корисник, но, и ќе ги наплати од него сите трошоци кои ќе произлезат од тоа.

ОБВРСКИ И ОДГОВОНОСТ НА КОРИСНИКОТ
Корисникот е должен на организаторот на патувањето да му ја плати договорената цена за патувањето во времето како што е договорено, односно вообичаено. Корисникот е должен навремено да ги достави сите точни податоци потребни за организирање на патувањето. Корисникот е должен да се грижи тој лично, неговите лични исправи и неговиот багаж да ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, санитарните, монетарните и други административни прописи. Корисникот е должен да ги чува и лично одговара за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето. Корисникот е обврзан да се придржува кон превозните средства. Корисниците кои го нарушуваат редот во објектите односно превозните средства можат да бидат отстранети, без право да бараат
надомест на штета од страна на организаторот. Корисникот одговара за штетата што ќе му ја причини на организаторот на патувањето со неизвршување на обврските што произлегуваат за него од договорот и законските прописи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ

Превоз со автобус
Превозот со автобус, како и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси според прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник ангажиран од организаторот на патувањето.

*Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, техничко расипување на возилото или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Корисникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Исклучок може да бидат одредени автобуски патувања, регулирани на начин во кој патникот може да резервира одредено седиште, доколку при резервација во агенцијата доплати одредена сума определена по програма (освен за првиот ред, кој е најчесто резервиран за персоналот на агенцијата или превозникот).

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци на патникот, кои тој доброволно ги дава корисникот, се деловна тајна на Организаторот. Корисникот се согласува дека Организаторот може да користи личните податоци на Патникот за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби.

ТДПТУ ТАСИМ-КОМПАНИЈА ДООЕЛ
ул. Христијан Карпош, бб. Оризари, Кочани

Работно време:
Понеделник - Сабота
10:00 - 19:30

Мени
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Аранжмани
  • Дестинации
  • Египет
  • За Нас
  • Контакт
  • Страницата не постои
  • Тунис
  • Тунис
Контакт
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1

Туристичка Агенција ТАСИМ ТРАВЕЛ
Сите права се задржани © 2023 

Побарај понуда