• Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
ИСТАНБУЛ ВО АПРИЛ – ФЕСТИВАЛ НА ЛАЛЕТО
✕
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
071 331 380
tasimtravelagency@gmail.com
Актуелни Понуди
ТАСИМ Травел
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Актуелни Понуди
✕
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
март 6, 2025
Categories
  • Актуелни патувања
Tags
  • 2025
  • festival
  • istanbul
  • tasim travel
  • turcija

ИСТАНБУЛ ВО АПРИЛ – ФЕСТИВАЛ НА ЛАЛЕТО

10.04-13.04.2025

24.04-27.04.2025

ЦЕНА: 109еур / 6760 ден до 15.03

Истанбул во Април е најубав! Главната причина за тоа се многубројните лалиња коишто го прават градот магична разнобојна градина. Во градот се засадуваат онолку лалиња колку што има жители на градот Истанбул – а тоа е приближно 20 милиони. Фестивалот на лалето е светска пролетна атракција којашто никого не остава рамнодушен! 

Резервирај на 071 331 380
viber_image_2025-03-06_15-08-35-114
viber_image_2025-03-06_15-08-34-140

⭐ Програма

1 ден: (четврток) 10.04.2025
Поаѓање во попладневните часови од пред агенција (организирани трансфер од Скопје, Велес, Св.Николе, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.
2 ден: (петок) 11.04.2025
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со посета на паркот ЕМИРГАН и ФЕСТИВАЛ НА ЛАЛЕТО.Eдно од најубавите места во Истанбул. Април е сезоната на лалињата, еден од симболите на Турција. Во паркот се поставени прекрасни градини, цели теписи исткаени од шарени лалиња и патеки за пешачење.. Се упатуваме до историскиот центар Султанахмет. Разгледување на знаменитостите на плоштадот (хиподром, Аја Софија, Сина Џамија, Хурем Султан Хамам, дворецот на Ибрахим Паша, Германската чешма).Слободно време за индивидуални активности. Продолжуваме со посета на Капали Чаршија. Слободно време за одмор во хотел. Навечер специјална вечера на брод по Босфор со целосно мени (предјадење, избор од 3 видови на главно јадење, десерт), неограничена консумација на алкохолни и безлакохолни пијалоци. Шоу програма со фолклорни ансамбли, танчерки, DJ.За време на крстарњето ке имате можност да уќивате во погледот кон мостовите на Босфот кои навечер ги менуваат боите.Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден: (сабота) 12.04.2025
Појадок. По појадокот се упатуваме кон целодневен разлгед на градот со водич. Факлутативно крстарење по Босфор. Вистинско уживање во градот. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар. Ќе имате можност да ги фотографирате прекрасните Долмабахче, дворецот Јилдиз, Чифте Сарај. Потоа бродот се упатува ко Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили каде се снимени повеќето од турските серии.Посета на Египетскиот пазар. Слободно време за разлгед на најстариот пазар за намирници, баклави, локуми, маслинки, украси за домакинство, зачини, јаткастки плодови, сувенири.. По посетата на Египетскиот пазар се упатуваме кон посета на палатата Долмабахче кој е еден од најраскошните дворци во светот. Прекрасен комплекс, кој е украс на Босфорот.Се што е во и околу објектот е елегантно и одговара на името. Турскиот збор “Долмабахче” значи “полни градина.” Всушност, оваа палата е полна со ориентални луксузи. Дворецот е скапоцено богатство на Турција. . Се упатуваме кон најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Слободно време и шопинг во многубројните продавници, ресторанти, кафулиња.. Враќање во хотелот.Ноќевање.
4 ден (недела) 13.04.2025
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Слободно време за ручек. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.

✅ Во цената е вклучено

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Две ноќевања со појадок во хотел со 3* или 4* близина на Капали чаршија
  • Придружник од Либеро Травел
  • Посета на шопинг центар Florya 5*

❌ Во цената не е вклучено

  • Парк Емирган + Султанахмет+ Капали чаршија  – 30 еур
  • Крстарење по Босфор – 25 еур
  • Целодневна прошетка (Египетски пазар, прв двор Долмабахче, Таксим плоштад)  – 30 еур
  • Долмабахче палата (билет за комплетен разглед на дворецот и музеј со водич) – 45 еур
  • Аквариум Florya – 30 еур
    Пакет екскурзии –  140 еур (20 еур попуст)
  • Специјална вечера на брод на Босфор со целосно мени и шоу програма – 50 еур
    Патничко осигурување – 250 денари (без фрашиза).

УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:

  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
  • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.
Резервирај веднаш на
071 331 380

Услови за патување со ТАСИМ ТРАВЕЛ

Сместување
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу оргнизаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена Тасим Травел не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.

Распределба на соби во хотелот врши исклучливо рецепцијата по пристигањето во хотелот. Агенцијата не може да влијае на спратот,позицијата на собата или големината на креветите,освен во случај кога се однапред дефенирани/објавени,или има доплата за истите.

Помошни кревети за деца иили 3то и 4то возрасно лице се често со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет(најчесто кога децата имаат бесплатно сместување),и во истите децата го делат лежајот со возрансите патници.

Едно хотелско ноќевање како и услугите кои истото ги вклучува се смета од времето на пријавување на собите на денот на важноста на аражманот (најчесто 14:00 часот), до времето пропишано за одјавување на собите наредниот ден (12:00 часот или порано), без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот,првиот ден пред времето на пријавување/последниот ден по времето на одјавување (согласно правилата на хотелот) се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот.

Задолжително Осигурување
За патување надвор од државата потребно е задолжително патничко здраствено осигурување кое може да се купи во агенцијата или дирекно од осигурителна компанија. Со потпис на овој договор, со целосна одговорност потврдувам дека сите патници од пријавата за аражман се запознаени со оваа одредба и имаат обезбедено соодветна полиса за патничко осигурување за време на патувањето.

Општите услови за патување
Општите Услоги за Патување на Тасим Компанија ДООЕЛ Оризари се составен дел на договорот. Со потпис на овој договор-пријава за аражманот потврдувам дека сум запознаен со договорот и општите услоги на патувањето и во целост ги опфаќам. За овој договор може да важат дополнителните(различни) услови за отказ или промена на аражманот.

Патни Исправи
Според законските одредби на МНР, ве известуваме дека За патување надвор Македонија потребен е пасош со минимум 6 месеци валидност од датумот на враќањето. Странките се должни да ја проверат валидноста на нивните патни исправи како и да се информираат околу пасошко-царинските и визни регулации во државата во која се патува или низ која се поминува. Агенцијата не е одговорна за евентуални несакани последици поврзани со патните исправи.

Валидност
Овој договор стапува во сила со добивање на потврда за резервација од страна на давателот на услугата или со извршена уплата од страна на клиентот. Доколку е генериран електронски и е валиден без печат.


ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Право на корисникот да се откаже од патувањето
Корисникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба задолжително да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци како надомест во определен процент)

•за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 40%
•за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
•за отказ од 9 до 6 дена пред патувањето 90%
•за отказ од 5 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето 100%.

По исклучок на горенаведената скала, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци за патување во следниве случаи: За резервации на автобуски билети важат условите, правилата и прописите на превозникот како и домашните/меѓународните правила за транспорт за типот на превозот.

Право на организаторот да го откаже договорот
Во случај кога организаторот на патувањето ја откаже туристичката екскурзија од било која причина, освен поради грешка на корисникот пред договорената дата на тргнување, корисникот на услугите има право: - да ја смени екскурзијата со друга која му одговара или друга слична екскурзија од повисок квалитет таму каде што туристичката агенција може да му понуди како замена. Ако туристичката екскурзија на замената е од понизок квалитет, организаторот ќе му ја врати разликата во цената на корисникот или - да му се врати целата сума која ја платил по договорот, во рок кој не може да биде подолг од 15 дена од денот на откажувањето на договорот, освен кога откажувањето е резултат на виша сила и вонредни околности.

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ

Oбврски и одговорност на организаторот
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор. Организаторот не одговара за штета која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, кои не можел да ги предвиди или избегне, исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила и вонредни околности, акти и дејствија на државни органи како и од доцнење на превозните средства (Организаторот на патувањето не прифаќа било каква одговорност за сѐ што е поврзано со издавање на виза и забрана за влез и патување, вклучувајќи ги и сите ситуации поврзани со изгубен, неисправен патен документ, изминат рок или недоволен период на важност за влез во земјата во која се патува Организаторот не одговара за било каква штета која патникот самиот ќе ја причини или лично ќе ја претрпи во државите кои се посетуваат. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубените предмети или драгоцености за време на патувањето или престојот.

* Во сите гореспоменати случаи организаторот ќе обезбеди соодветна помош на засегнатиот корисник, но, и ќе ги наплати од него сите трошоци кои ќе произлезат од тоа.

ОБВРСКИ И ОДГОВОНОСТ НА КОРИСНИКОТ
Корисникот е должен на организаторот на патувањето да му ја плати договорената цена за патувањето во времето како што е договорено, односно вообичаено. Корисникот е должен навремено да ги достави сите точни податоци потребни за организирање на патувањето. Корисникот е должен да се грижи тој лично, неговите лични исправи и неговиот багаж да ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, санитарните, монетарните и други административни прописи. Корисникот е должен да ги чува и лично одговара за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето. Корисникот е обврзан да се придржува кон превозните средства. Корисниците кои го нарушуваат редот во објектите односно превозните средства можат да бидат отстранети, без право да бараат
надомест на штета од страна на организаторот. Корисникот одговара за штетата што ќе му ја причини на организаторот на патувањето со неизвршување на обврските што произлегуваат за него од договорот и законските прописи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ

Превоз со автобус
Превозот со автобус, како и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси според прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник ангажиран од организаторот на патувањето.

*Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, техничко расипување на возилото или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Корисникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Исклучок може да бидат одредени автобуски патувања, регулирани на начин во кој патникот може да резервира одредено седиште, доколку при резервација во агенцијата доплати одредена сума определена по програма (освен за првиот ред, кој е најчесто резервиран за персоналот на агенцијата или превозникот).

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци на патникот, кои тој доброволно ги дава корисникот, се деловна тајна на Организаторот. Корисникот се согласува дека Организаторот може да користи личните податоци на Патникот за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби.

ТДПТУ ТАСИМ-КОМПАНИЈА ДООЕЛ
ул. Христијан Карпош, бб. Оризари, Кочани

Работно време:
Понеделник - Сабота
10:00 - 19:30

Мени
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Аранжмани
  • Дестинации
  • Египет
  • За Нас
  • Контакт
  • Страницата не постои
  • Тунис
  • Тунис
Контакт
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1

Туристичка Агенција ТАСИМ ТРАВЕЛ
Сите права се задржани © 2023 

Побарај понуда