Кавала е еден од најубавите и најпознатите градови во Егејска Македонија. За време на Божиќните празници секоја година во самиот град се украсува мал брод кој е поставен во централното пристаниште.
Најтрадиционалниот симбол што ќе го најдете во Грција за време на Божиќните празници е мал дрвен брод украсен со светликави ламбички. Бродот го симболизира поморскиот идентитет на земјата и е своевидно добредојде на морнарите кои се враќаат дома за да го прослават Божиќ со своите семејства. Китењето на Божиќното дрвце не е традиционален обичај, но и покрај тоа што го има во сите грчки домови сепак не успева да го истисне обичајот кој од пред една деценија започна да се обновува во Солун каде на плоштадот Аристотелис беше поставен огромен брод украсен со сино-бели светилки… Традицијата сеуште е задржана во Кавала, градот распослан на морето каде секоја година се украсува малиот брод поставен на централното пристаниште …
Тргнување во 2:00 часот од Кочани (агенција). Попатно собирање на патници Штип – Овче поле – Лозово – Велес – Неготино. Пристигување во Кавала околу 9 часот. Слободно време за кафе покрај море со прекрасен поглед и уживање во украсениот дрвен брод и бројните вкусови на божиќните слатки. Слободно време за индивидуални активности, можност за посета на аквадуктот и тврдината во Кавала. Во 13.00ч се упатуваме кон Драма. Слободно време за разгледување и уживање во божиќниот парк, дрвени кукички на Дедо Мраз, куќата на самовилата,божиќни штандови со автентични сувенири и подароци. Во 18:00 часот по локално време се упатуваме кон Македонија. Попатна пауза од 30 мин. на Free Shop. Пристигнување во Кочани околу 23:30 часот.