1 ДЕН (ПЕТОК)
Состанок со групата во 20:00 часот од претд ТА Tасим Травел во Кочани. Заминување кон Црна Гора во 20:30 часот (ноќно возење). Се патува преку Косово, Албанија, Црна Гора со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН (САБОТА)
Пристигнување во градот Будва. Фото пауза од 30 минути на Островот Св.Стефан. Автобусот се упатува кон Словенска плажа. Слободно време од околу 4 часа за плажа, појадок, прошетка, (крстарење – индивидуално), или слободни активности по сопствен избор.
Во попладневните часови се упатуваме кон манастирот Свети Василие Острошки и факултативен разглед на околината каде се наоѓа манастирот посветен на Св. Троица и црквата посветена на Светиот маченик Станко, овчар од селото Подвраќе кај Даниловград, на кого му се пресечени рацете и е погубен од Турците во 1712 година. По желба искачување пешки или со локален минибус до Горниот Манастир. Поклонение на моштите на Светителот. Вечерната служба почнува во 17 часот. Посетителите кои ноќеваат во Долниот конак, до 21-22 часот потребно е да се сместат во собите во конакот каде ќе преноќат.
3 ДЕН (НЕДЕЛА)
Факултативно – во недела наутро присуство на Литургијата во Горниот манастир, која вообичаено се одржува од 06:00 до 07:30. Спуштање до Долниот конак. Во Долниот Манастир литургијата започнува во 08:00 ч. Средба на целата група и во 09:00 заминување кон Кочани. . Пристигнување во Кочани во вечерните часови.
Аранжманот вклучува: