ПРВ ДЕН 29.12.2024 (недела)
Поаѓање во попладневните часови од пред агенција (организирани трансфер од Скопје, Велес, Св.Николе, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево).
Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.
ВТОР ДЕН 30.12.2024 (понеделник)
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел. Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул. Посета на паркот Беилербеи во Азискиот дел на Истанбул. Продолжуваме со пешачка прошетка во историскиот центар Султанахмет. Разгледување на знаменитостите на хиподром. По можност посета на Сината џамија – единствена со 6 минариња. Следи факултативна посета на Топкапи палатата. Оваа исклучително важна палатабила седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетуваните музеи во „Главниот град на светот“. Топкапи Сарај е подигнат во средината на 15-тиот век, по наредба на султанот Мехмед II „Освојувачот“. Градбата била направена врз старо византиско утврдување, а дел од камените столбови, како и кадата во која се крштевале византиските цареви се се уште зачувани и претставуваат дел од културното наследство, кое е под заштита на УНЕСКО од 1985 година.
Можност за посета на Аја Софија или Света Софија позната и како Црква на светата мудрост – единствен храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и повторно црква. Изградена е во 537 година и како православна црква функционирала се до 1204 година, кога станала католичка црква. Во 1261 година повторно ќе стане православна, за во 1453 година да стане џамија, се до 1953 година кога Аратурк решава да ја претвори во музеј. Сега повторно храмот добива православен сјај.
Можност за попатна посета на Капали чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриена улица и над 300 продавници. Цените во Капали чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Вечерно крстарење со брод по Босфор. Организирана предновогодишна вечера на брод на Босфор со музика и целосно мени. Враќање во хотелот.Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 31.12.2024 (вторник)
Појадок. По појадокот се упатуваме кон целодневен разлгед на градот со водич. Факултативно крстарење по Босфор. Вистинско уживање во градот. Прошетката со брод ќе ви овозможи да уживате во Европскиот брег на Босфор до тврдината Румелија Хисар. Ќе имате можност да ги фотографирате прекрасните Долмабахче, дворецот Јилдиз, Чифте Сарај. Потоа бродот се упатува ко Азискиот брег. На бреговите на Босфор ќе ги видите прекрасните вили каде се снимени повеќето од турските серии.Посета на Египетскиот пазар. Слободно време за разлгед на најстариот пазар за намирници, баклави, локуми, маслинки, украси за домакинство, зачини, јаткастки плодови, сувенири.. По посетата на Египетскиот пазар се упатуваме кон посета на палатата Долмабахче кој е еден од најраскошните дворци во светот. Прекрасен комплекс, кој е украс на Босфорот.Се што е во и околу објектот е елегантно и одговара на името. Турскиот збор “Долмабахче” значи “полни градина.” Всушност, оваа палата е полна со ориентални луксузи. Дворецот е скапоцено богатство на Турција.Потоа се упатуваме кон најпопуларниот плоштад во Турција-Таксим и улицата која води до Галата Кула кои се посетувани од над 3 милиони посетители дневно. Дочек на Нова Година на плоштадот Таксим. Враќање во хотел. Ноќевање
ЧЕТВРТ ДЕН 01.01.2025 (среда)