• Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
ПАРИЗ ДИЗНИЛЕНД НОВА ГОДИНА 2025
✕
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
071 331 380
tasimtravelagency@gmail.com
Актуелни Понуди
ТАСИМ Травел
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Актуелни Понуди
✕
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
октомври 9, 2024
Categories
  • DIZNILEND
  • PARIZ
Tags
  • diznilend
  • novagodina2025
  • pariz
  • tasim travel

ПАРИЗ ДИЗНИЛЕНД НОВА ГОДИНА 2025

ПАРИЗ 6 ДЕНА / 5 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

Цена: 799€
Термин: 29.12-03.01.2025
Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања, како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Свето Срце, музеите Лувр, Орсеј и многу други ќе го направат Вашиот престој во овој град – музеј незаборавен.
 
Резервирај на 071 331 380
ПАРИЗ ДИЗНИЛЕНД НОВА ГОДИНА 2025

⭐ Програма

1 ден – 29.12.2024 (недела)
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.50 часот.Полетување за Париз преку Загреб во 05:50 ч од Скопје.Слетување во Париз во 10:30 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен панорамски двочасовен разглед: Елисејски Полиња,Триумфална Капија,Конкорд,црква Мадлена,опера Гарние,Вандом,Лувр,Орсеј,Нотр Дам, латински кварт, Инвалиди, Воена Школа,Ајфелова Кула, Мостот Александар III. Сместување во хотел. Слободно време за ручек. Во 19 часот организирана прошетка по Елисејските Полиња.Слободно време за вечера (факултативно) .Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
2 ден – 30.12.2024 (понеделник)
Појадок. Организирана прошетка до Лувр (со метро).Од Конкорд преку паркот Тујлери се доаѓа до малата Триумфална Капија и Пирамидата пред Лувр. Слободно време за влез во Лувр со претходно резервирани влезници. Посетата трае 2 часа. Слободно време за ручек. Организирана посета на Мон Мартр(со метро). Слободно време и прошетка во квартот на уметниците и посета на црквата Свето Срце. Слободно време за сликање пред најпознатото кабаре Мулен Руж.Вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.
3 ден – 31.12.2024 (вторник)
Појадок. Во 08.00 часот поаѓање за Версај. Организирана посета и влез водворецот.Слободно време за прошетка по парковите. Враќање во Париз. Организирана заедничка посета на латинскиот кварт.Слободно време за ручек.Враќање во хотел. Организиран заеднички Дочек на Новата година наеден од плоштадите во Париз или Елисејските Полиња. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден – 01.01.2025 (среда)
Појадок. Слободен ден за индивидуална посета на забавниот парк Дизниленд.Се патува со брз воз, влезниците се купуваат преку интернет.За оние кои остануваат во Париз има организирана прошетка до квартот Маре, Општината, Бастиља, центарот Помпиду. За љубителите на кабареа можност за организирана вечерна посета на Мулен Руж или Крејзи Хорс (факултативно). Ноќевање.
5 ден – 02.01.2025 (четврток)
Појадок.Организирани посети на Операта Гарние (однадвор), музејот за парфеми Фрагонард, галеријата Лафајет. Слободно време за ручек. Можност за посета на Музејот Орсеј или црквата Sainte Chapelle(факултативно). За љубителите на шопинг, предлагаме посета на новиот дел Ла Дефанс. Попладнето организирано крстарење со брод по Сена (факултативно).Вечерта слободно време за посета на Ајфеловата Кула. Слободно време за вечера на Трокадеро. Враќање во хотел. Ноќевање.
6 ден – 03.01.2025 (петок)
Појадок. Организиран превоз до аеродром од хотелот во 07:30 часот. Полетување за Загреб во 11:20 часот, слетување во 13.10 ч.Полетување за Скопје во 13.40,слетување во 15.05 часот.

✅ Во цената е вклучено

·    Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Croatia Airlines

·    Аеродромски такси

·    Бесплатен багаж 20 кг

·    5 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis Pantin ,https://all.accor.com/hotel/2082/index.fr.shtml

·    Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно

·    Организиран панорамски разглед на градот со автобус

·    Организирани пешачки разгледувања  на градот со пратител на група:

Ла Дефанс ,Елисејски Полиња,Триумфална Капија,плоштад Конкорд,Елисејска Палата,Мала и Голема Палата, музеј Лувр однадвор и паркот Тујлери, музејот Орсеј однадвор, плоштад Вандом, операта Гарние, галерија Лафајет, Фрагонард музејот (со влез), латинскиот кварт и Нотр Дам однадвор,Сорбона, Пантеон, Луксембуршки градини,Мон Мартр и Пигал, Мулен Руж,Ајфеловата Кула, Дом На Инвалиди,Трокадеро…

·    Организација на патувањетои придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

❌ Во цената не е вклучено

    Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 17€ карнет за 10 возења)

·    Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот кат22.60€, до врвот 28.30€)

·    Посета на Лувр 22€ влезница(се купува  билет преку интернет или во музејот при влез)

·    Посета на Версај – 85€ (влезница+водич),за лица до 18 год. 45€(се патува со автобус од хотел),не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место ,чини околу 11€

·    Влезница за брод по Сена 25€ (се патува со метро) организирано

·    Посета на Операта Гарние 15€, музејот Орсеј околу 16€

·    Посета на Мулен Руж со претстава (цена од 100-150€ со пијалок ½ шампањ), Крејзи Хорс ( 80-100 €)

·    Посета на Дизниленд–влезниците се купуваат преку интернет (99 € возрасен, дете до 12 год. 91 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € повратна карта

·    Вечера или ручек во ресторан од 20€ без пијалок

·    Задолжително здравствено и патничко осигурување 180 мкд.

·    Туристичка такса 5€ по лице – се плаќа кај претставникот на групата

Општи услови:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден).
  • Напомена: Има можност за трокреветни соби!
  • Заовапатувањепотребеневалиденбиометрискипасошсоважност90денаодденотнапатувањето
  • Kраенрокзаоткажувањенааранжманотодстрананаагенцијата7денапредпатување
  • Зарезервацијазадолжителнауплатаод30%одвкупниотизнос,целоснадоплата15денапредпатување
  • За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20патници
  • Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена,не се загарантирани и редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
  • Напомена: Нови услови за влез во ЕУ
  • Важат општите услови за патување на ТА  TАСИМ ТРАВЕЛ
Резервирај веднаш на
071 331 380

Услови за патување со ТАСИМ ТРАВЕЛ

Сместување
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу оргнизаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена Тасим Травел не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.

Распределба на соби во хотелот врши исклучливо рецепцијата по пристигањето во хотелот. Агенцијата не може да влијае на спратот,позицијата на собата или големината на креветите,освен во случај кога се однапред дефенирани/објавени,или има доплата за истите.

Помошни кревети за деца иили 3то и 4то возрасно лице се често со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет(најчесто кога децата имаат бесплатно сместување),и во истите децата го делат лежајот со возрансите патници.

Едно хотелско ноќевање како и услугите кои истото ги вклучува се смета од времето на пријавување на собите на денот на важноста на аражманот (најчесто 14:00 часот), до времето пропишано за одјавување на собите наредниот ден (12:00 часот или порано), без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот,првиот ден пред времето на пријавување/последниот ден по времето на одјавување (согласно правилата на хотелот) се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот.

Задолжително Осигурување
За патување надвор од државата потребно е задолжително патничко здраствено осигурување кое може да се купи во агенцијата или дирекно од осигурителна компанија. Со потпис на овој договор, со целосна одговорност потврдувам дека сите патници од пријавата за аражман се запознаени со оваа одредба и имаат обезбедено соодветна полиса за патничко осигурување за време на патувањето.

Општите услови за патување
Општите Услоги за Патување на Тасим Компанија ДООЕЛ Оризари се составен дел на договорот. Со потпис на овој договор-пријава за аражманот потврдувам дека сум запознаен со договорот и општите услоги на патувањето и во целост ги опфаќам. За овој договор може да важат дополнителните(различни) услови за отказ или промена на аражманот.

Патни Исправи
Според законските одредби на МНР, ве известуваме дека За патување надвор Македонија потребен е пасош со минимум 6 месеци валидност од датумот на враќањето. Странките се должни да ја проверат валидноста на нивните патни исправи како и да се информираат околу пасошко-царинските и визни регулации во државата во која се патува или низ која се поминува. Агенцијата не е одговорна за евентуални несакани последици поврзани со патните исправи.

Валидност
Овој договор стапува во сила со добивање на потврда за резервација од страна на давателот на услугата или со извршена уплата од страна на клиентот. Доколку е генериран електронски и е валиден без печат.


ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Право на корисникот да се откаже од патувањето
Корисникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба задолжително да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци како надомест во определен процент)

•за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 40%
•за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
•за отказ од 9 до 6 дена пред патувањето 90%
•за отказ од 5 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето 100%.

По исклучок на горенаведената скала, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци за патување во следниве случаи: За резервации на автобуски билети важат условите, правилата и прописите на превозникот како и домашните/меѓународните правила за транспорт за типот на превозот.

Право на организаторот да го откаже договорот
Во случај кога организаторот на патувањето ја откаже туристичката екскурзија од било која причина, освен поради грешка на корисникот пред договорената дата на тргнување, корисникот на услугите има право: - да ја смени екскурзијата со друга која му одговара или друга слична екскурзија од повисок квалитет таму каде што туристичката агенција може да му понуди како замена. Ако туристичката екскурзија на замената е од понизок квалитет, организаторот ќе му ја врати разликата во цената на корисникот или - да му се врати целата сума која ја платил по договорот, во рок кој не може да биде подолг од 15 дена од денот на откажувањето на договорот, освен кога откажувањето е резултат на виша сила и вонредни околности.

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ

Oбврски и одговорност на организаторот
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор. Организаторот не одговара за штета која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, кои не можел да ги предвиди или избегне, исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила и вонредни околности, акти и дејствија на државни органи како и од доцнење на превозните средства (Организаторот на патувањето не прифаќа било каква одговорност за сѐ што е поврзано со издавање на виза и забрана за влез и патување, вклучувајќи ги и сите ситуации поврзани со изгубен, неисправен патен документ, изминат рок или недоволен период на важност за влез во земјата во која се патува Организаторот не одговара за било каква штета која патникот самиот ќе ја причини или лично ќе ја претрпи во државите кои се посетуваат. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубените предмети или драгоцености за време на патувањето или престојот.

* Во сите гореспоменати случаи организаторот ќе обезбеди соодветна помош на засегнатиот корисник, но, и ќе ги наплати од него сите трошоци кои ќе произлезат од тоа.

ОБВРСКИ И ОДГОВОНОСТ НА КОРИСНИКОТ
Корисникот е должен на организаторот на патувањето да му ја плати договорената цена за патувањето во времето како што е договорено, односно вообичаено. Корисникот е должен навремено да ги достави сите точни податоци потребни за организирање на патувањето. Корисникот е должен да се грижи тој лично, неговите лични исправи и неговиот багаж да ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, санитарните, монетарните и други административни прописи. Корисникот е должен да ги чува и лично одговара за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето. Корисникот е обврзан да се придржува кон превозните средства. Корисниците кои го нарушуваат редот во објектите односно превозните средства можат да бидат отстранети, без право да бараат
надомест на штета од страна на организаторот. Корисникот одговара за штетата што ќе му ја причини на организаторот на патувањето со неизвршување на обврските што произлегуваат за него од договорот и законските прописи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ

Превоз со автобус
Превозот со автобус, како и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси според прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник ангажиран од организаторот на патувањето.

*Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, техничко расипување на возилото или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Корисникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Исклучок може да бидат одредени автобуски патувања, регулирани на начин во кој патникот може да резервира одредено седиште, доколку при резервација во агенцијата доплати одредена сума определена по програма (освен за првиот ред, кој е најчесто резервиран за персоналот на агенцијата или превозникот).

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци на патникот, кои тој доброволно ги дава корисникот, се деловна тајна на Организаторот. Корисникот се согласува дека Организаторот може да користи личните податоци на Патникот за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби.

ТДПТУ ТАСИМ-КОМПАНИЈА ДООЕЛ
ул. Христијан Карпош, бб. Оризари, Кочани

Работно време:
Понеделник - Сабота
10:00 - 19:30

Мени
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Аранжмани
  • Дестинации
  • Египет
  • За Нас
  • Контакт
  • Страницата не постои
  • Тунис
  • Тунис
Контакт
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1

Туристичка Агенција ТАСИМ ТРАВЕЛ
Сите права се задржани © 2023 

Побарај понуда