РУПИТЕ И МЕЛНИК
Десеттина километри од Петрич и на само два километри од селото Рупите,се наоѓа истоимениот заштитен локалитет-Рупите познат по термалните лековити извори,возвишение од вулкански карпи,по ретката флора и фауна и единствена оаза на сребрена топола во Бугарија сместена покрај реката Струма.Овде,на Рупите ,побожната баба Ванѓа го остварува и својот најголем сон-да изгради сопствена црква “Св.Петка”.Мелник е најмалиот град во Р.Бугарија и официјално четврти најмал град во светот, сместен е во југозападните падини на Пирин планина.Мелник туристите го посетуваат за Мелничките песочни пирамиди,природен феномен кои се во постојан процес на формирање и нивниот изглед се менува со текот на времето, да го дегустираат прочуеното домашно Мелничко црно вино,автентично сочуваната архитектура,да се насладуваат на традиционалните бабини специјалитети во локалните меани и ресторани.

Тргнување во утринските часови.Патување кој Бугарија со попатни паузи. Минување низ Петрич, продолжуваме со посета на комплексот во кој се разгледува црквата на Баба Ванѓа „Света Петка“, музејот посветен на Рупите животот и делото на Ванѓа. Разглед на прекрасната природа и топлите минерални води со неверојатни 75С во комплексот.Тргнување кон Мелник и слободно време за разглед, посета на винарија и дегустација на вино. Слободно време за ручек. Во попладневните часови се упатуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.
Организација и водство на патувањето
Превоз на наведената релација
Посета на Рупите
Посета на куќата на Баба Ванѓа
Посета на храм Св.Петка
Посета на Мелник
Посета на винарија
Индивидуални трошоци