• Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
ВЕНЕЦИЈА СО МИЛАНО 8-МИ МАРТ
✕
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1
071 331 380
tasimtravelagency@gmail.com
Актуелни Понуди
ТАСИМ Травел
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Актуелни Понуди
✕
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
декември 26, 2024
Categories
  • Актуелни патувања
Tags
  • 2025
  • 8-mi Mart
  • tasim travel

ВЕНЕЦИЈА СО МИЛАНО 8-МИ МАРТ

Термин: 06.03-09.03.2025

ПРОМО ЦЕНА!!! 139е/ 8620 денари за уплати до 15.02

Редовна цена: 159e/9860 денари

Венеција едноставно плени сос своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади… Трагата на вековите што изминале е впиенa во секој нејзин дел.Посетете ја Дуждевата Палата и уверете се во моќта и сјајот на владетелите на Венеција. Мостот на Воздишките е врзан за многу легенди, но вистината за него е многу поинаква од првата љубовна асоцијација… Црквата Св.Марко и огромниот истоимен плоштад се срцето на Венеција, каде што се почнува и завршува, па и волшебниот Венециски Карневал..Дозволете си романтична прошетка со гондола низ живописните канали и невообичаен поглед на прекрасниот мост Rialto, кој ги поврзува шесте квартови на Венеција.Венеција, едноставно, мора да се доживее, а воодушевувањето гарантирано нема да изостане…

Резервирај на 071 331 380
viber_image_2024-12-26_16-33-54-082
viber_image_2024-12-26_16-33-55-130
viber_image_2024-12-26_16-33-53-486

⭐ Програма

1ден (четврток) 06.03.2025
Состанок на групата во попладневните часови пред ТА Тасим Травел. Ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.
2ден (петок) 07.03.2025 Трст –Оutlet Noventa Di Piave – Лидо Ди Јесоло
Пристигнување во Трст во претпладневните часови.Продолжуваме со панорамски разглед на градот со посета на Понторосо, црквата Св. Спириндон, Римскиот театар, црквата Сан Антонио Нуово, плоштадот на Италијанското единство.Слободно време за индивидуални активности.Состанок со групата на претходно договореното место во пладневните часови и продолжување во еден од најпознатите шопинг центри во Европа – Палманова. Патување и сместување во хотелот. Ноќевање.
3ден (сабота) 08.03.2025 Лидо Ди Јесоло – Верона – Милано
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет во Верона и Милано: градот на Ромео и Јулија, плоштадот Бра, Арена, плоштадите Ербе и Сињорија, палатата и гробницата на семејството Скалијери, куќите на Ромео и наЈулија. Враќање од Верона и посета на Милано. Следува разглед на градот: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот. Дуомо–катедрала софасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По слободното време, враќање во хотел. Ноќевање.
4ден (недела) 09.03.2025 Лидо Ди Јесоло – Венеција – Кочани.
Појадок. Одјавување од хотелот.Слободно време во Лидо или факултативен излет во Венеција: Слободно време за индивидуални активности.Состанок на групата во претходно договореното време со водичот и враќање во Лидо. Тргнување за Македонија во попладневните часови.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.
5 ден (понеделник) 10.03.2025 – Кочани.
Враќање во Кочани во раните утрински часови во зависност од задржувањето на границите и условите на патот.

✅ Во цената е вклучено

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Организиран превоз од: Виница, Кочани, Штип, Велес и Скопје
  • Посета на Трст и шопинг центарот Палманова

❌ Во цената не е вклучено

  • Патничко осигурување – 270 денари
  • Влезници за факултативните излети
  • Верона и Милано 50 евра
  • Венеција 20 евра
  • Пакет факултативи 60е

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
Нема намалување на цената за сопствен превоз
ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица
постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст
Резервирај веднаш на
071 331 380

Услови за патување со ТАСИМ ТРАВЕЛ

Сместување
Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу оргнизаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена Тасим Травел не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата.

Распределба на соби во хотелот врши исклучливо рецепцијата по пристигањето во хотелот. Агенцијата не може да влијае на спратот,позицијата на собата или големината на креветите,освен во случај кога се однапред дефенирани/објавени,или има доплата за истите.

Помошни кревети за деца иили 3то и 4то возрасно лице се често со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет(најчесто кога децата имаат бесплатно сместување),и во истите децата го делат лежајот со возрансите патници.

Едно хотелско ноќевање како и услугите кои истото ги вклучува се смета од времето на пријавување на собите на денот на важноста на аражманот (најчесто 14:00 часот), до времето пропишано за одјавување на собите наредниот ден (12:00 часот или порано), без разлика кога гостинот ќе влезе/излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот,првиот ден пред времето на пријавување/последниот ден по времето на одјавување (согласно правилата на хотелот) се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот.

Задолжително Осигурување
За патување надвор од државата потребно е задолжително патничко здраствено осигурување кое може да се купи во агенцијата или дирекно од осигурителна компанија. Со потпис на овој договор, со целосна одговорност потврдувам дека сите патници од пријавата за аражман се запознаени со оваа одредба и имаат обезбедено соодветна полиса за патничко осигурување за време на патувањето.

Општите услови за патување
Општите Услоги за Патување на Тасим Компанија ДООЕЛ Оризари се составен дел на договорот. Со потпис на овој договор-пријава за аражманот потврдувам дека сум запознаен со договорот и општите услоги на патувањето и во целост ги опфаќам. За овој договор може да важат дополнителните(различни) услови за отказ или промена на аражманот.

Патни Исправи
Според законските одредби на МНР, ве известуваме дека За патување надвор Македонија потребен е пасош со минимум 6 месеци валидност од датумот на враќањето. Странките се должни да ја проверат валидноста на нивните патни исправи како и да се информираат околу пасошко-царинските и визни регулации во државата во која се патува или низ која се поминува. Агенцијата не е одговорна за евентуални несакани последици поврзани со патните исправи.

Валидност
Овој договор стапува во сила со добивање на потврда за резервација од страна на давателот на услугата или со извршена уплата од страна на клиентот. Доколку е генериран електронски и е валиден без печат.


ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Право на корисникот да се откаже од патувањето
Корисникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба задолжително да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци како надомест во определен процент)

•за отказ од 19 до 15 дена пред патувањето 40%
•за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
•за отказ од 9 до 6 дена пред патувањето 90%
•за отказ од 5 до 0 дена пред патување или во текот на патувањето 100%.

По исклучок на горенаведената скала, ќе се применуваат посебни скали на отказни трошоци за патување во следниве случаи: За резервации на автобуски билети важат условите, правилата и прописите на превозникот како и домашните/меѓународните правила за транспорт за типот на превозот.

Право на организаторот да го откаже договорот
Во случај кога организаторот на патувањето ја откаже туристичката екскурзија од било која причина, освен поради грешка на корисникот пред договорената дата на тргнување, корисникот на услугите има право: - да ја смени екскурзијата со друга која му одговара или друга слична екскурзија од повисок квалитет таму каде што туристичката агенција може да му понуди како замена. Ако туристичката екскурзија на замената е од понизок квалитет, организаторот ќе му ја врати разликата во цената на корисникот или - да му се врати целата сума која ја платил по договорот, во рок кој не може да биде подолг од 15 дена од денот на откажувањето на договорот, освен кога откажувањето е резултат на виша сила и вонредни околности.

ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТ НА ДОГОВОРНИТЕ СТРАНИ

Oбврски и одговорност на организаторот
Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор. Организаторот не одговара за штета која настанала поради грешки во работењето на сообраќајните претпријатија, угостителските правни субјекти, туристичките водичи и придружници, кои не можел да ги предвиди или избегне, исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила и вонредни околности, акти и дејствија на државни органи како и од доцнење на превозните средства (Организаторот на патувањето не прифаќа било каква одговорност за сѐ што е поврзано со издавање на виза и забрана за влез и патување, вклучувајќи ги и сите ситуации поврзани со изгубен, неисправен патен документ, изминат рок или недоволен период на важност за влез во земјата во која се патува Организаторот не одговара за било каква штета која патникот самиот ќе ја причини или лично ќе ја претрпи во државите кои се посетуваат. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубените предмети или драгоцености за време на патувањето или престојот.

* Во сите гореспоменати случаи организаторот ќе обезбеди соодветна помош на засегнатиот корисник, но, и ќе ги наплати од него сите трошоци кои ќе произлезат од тоа.

ОБВРСКИ И ОДГОВОНОСТ НА КОРИСНИКОТ
Корисникот е должен на организаторот на патувањето да му ја плати договорената цена за патувањето во времето како што е договорено, односно вообичаено. Корисникот е должен навремено да ги достави сите точни податоци потребни за организирање на патувањето. Корисникот е должен да се грижи тој лично, неговите лични исправи и неговиот багаж да ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, санитарните, монетарните и други административни прописи. Корисникот е должен да ги чува и лично одговара за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето. Корисникот е обврзан да се придржува кон превозните средства. Корисниците кои го нарушуваат редот во објектите односно превозните средства можат да бидат отстранети, без право да бараат
надомест на штета од страна на организаторот. Корисникот одговара за штетата што ќе му ја причини на организаторот на патувањето со неизвршување на обврските што произлегуваат за него од договорот и законските прописи.

ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ

Превоз со автобус
Превозот со автобус, како и автобуските трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси според прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник ангажиран од организаторот на патувањето.

*Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови, вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, техничко расипување на возилото или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Корисникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Исклучок може да бидат одредени автобуски патувања, регулирани на начин во кој патникот може да резервира одредено седиште, доколку при резервација во агенцијата доплати одредена сума определена по програма (освен за првиот ред, кој е најчесто резервиран за персоналот на агенцијата или превозникот).

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Личните податоци на патникот, кои тој доброволно ги дава корисникот, се деловна тајна на Организаторот. Корисникот се согласува дека Организаторот може да користи личните податоци на Патникот за реализација на договорената Програма за патување, каде што адресите, местото, времето и цената на патувањето и имињата на придружниците не смеат да бидат соопштени на други лица, освен на лица согласно посебни законски одредби.

ТДПТУ ТАСИМ-КОМПАНИЈА ДООЕЛ
ул. Христијан Карпош, бб. Оризари, Кочани

Работно време:
Понеделник - Сабота
10:00 - 19:30

Мени
  • Албанија
    • Еднодневни
    • Ксамил
    • Драч
    • Спиле
    • Шенѓин
  • Грција
    • Еднодневни
    • Пиериа
    • Прв Крак (Касандра)
    • Втор Крак (Ситонија)
    • Tрет Крак ( Атос)
    • Острови
  • Египет
  • Тунис
  • Турција
    • Кушадаси
    • Кумбургаз
    • Белек
  • Црна Гора
    • Будва
  • Бугарија
    • Сончев Брег
    • Несебар
    • Елените
  • Викенд Понуди
    • Италија
    • Романија
  • За Нас
  • Контакт
Аранжмани
  • Дестинации
  • Египет
  • За Нас
  • Контакт
  • Страницата не постои
  • Тунис
  • Тунис
Контакт
  • Моб: 071/331-380
  • Тел: 033/280-280
  • tasimtravelagency@gmail.com
  • ул. Маршал Тито, бр. 47 2/1

Туристичка Агенција ТАСИМ ТРАВЕЛ
Сите права се задржани © 2023 

Побарај понуда