Вила "LEMONIS" - Полихроно
Вила “Lemonis”, се наоѓа во централниот дел на Пoлихроно, на улицата кај Црквата, и на 150m од плажа. На 50м од вилата на истата улица која води кон плажа има супермаркет како и познатиот млечен ресторант "Lemonis Bakery", ресторани за брза храна.. Одлична вила и локација во центар. Под вилата до влезот има салон за убавина Nails Land. Вилата располага со апартмани со една спала соба за 4 лица на: приземје / први и втори кат. Сите апартмани се исти и опремени со: просторна дневна соба со кујна (комплетно опремена+голем фрижидер), трепезарска маса, TV, кревет на спуштање каде може да спијат две лица и спална соба со брачен кревет за уште две лица, гардеробер, купатило, клима и интернет - БЕСПЛАТНИ. Сите апартмани имаат голема тераса каде што се излегува од спалната и дневната соба. Тарасата на II-ри кат има поглед на море. Вилата нема сопствен паркинг, гостите со сопствени возила може да паркираат на улицата пред вилата доколку има слободни места за паркирање. Ви посакуваме пријатен престој.