Вила "ELSA" - Неи Пори
Вила “ELSA” се наоѓа на одлична лoкација во центарот на Неи Пори на 50m од плажа, позади хотел Олимпик Бич кој е на сама плажа. Вилата е со одличен квалитет на сместување и голем комфорт на студијата, купатилата и балконите. Сите студија се четворокреветни (две дупли легла) и се наоѓаат на приземје, први и втори кат. Секое студио е опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер, тоалет, TV, гардеробер, просторни тераси со тенда за сонце со масичка и столчиња со поглед кон улица (некои студија и со поглед кон море). Wi-Fi интернет - бесплатен, клима со доплата 5€ од ден на лице место. Вилата поседува лифт за гостите. Наспроти вилата има супермаркет. Сите студија се со одличен квалитет и доста просторни. Обезбеден простор за багаж на денот на сместување/заминување на гостите. Гостите со сопствени возила може да се паркираат пред вилата. Ви поасакуваме пријатен престој.